се (зам.) - сконцентрира (гл.)

Имам љубов за целиот свет. Не можам да бидам себична и да се сконцентрирам само на еден.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тие, едноставно и ладнокрвно, не се земени предвид (David Daube) – па оттука, сосем точен е впечатокот дека правните акти кои се донесуваат во оваа област, се сконцентрирани првенствено на оние кои имаат [имотните/ богатите/работодавачите], односно оние кои го заземаат централното место во ‘високото општество’ и кои благонадежно ги финансираат предизборните кампањи на речиси сите поголеми политички партии кои подоцна, кога ќе дојдат на власт, во знак на благодарност и по принципот „Do ut des – ти дадов за да ми дадеш“ ги спроведуваат нивните антиработнички агенди. Оние кои немаат [неимотните/сиромашните/работниците], како да се невидливи за системот – тие, заедно сосе нивните проблеми, просто- напросто, се игнорирани!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И потем Луција излезе, рече дека нема „бис“, дека тоа била само пауза, и ја замоли публиката да се сконцентрира на најважното, на круната на целата приредба: бабарскиот обред. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Она што беше дури и полошо отколку потребата да се сконцентрира на една серија од детални задачи, беше потребата да го прикрие своето неспокојство од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)