„Овој бутик никогаш не го прескокнуваш, мила моја. Цмок!“ - двајцата се во гардеробата метар на метар, тој се смешка, таа се кикоти, се скокоткаат - цмок, цмок.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И нема, велат, ние да киснеме во вода до колена, а ги со жената да се скокоткаш в постела.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Децата се разбудиле и се задеваат во постелата, се скокоткаат, се смеат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кикотот на јатото црни пиони, што меѓусебно се скокоткаат гледајќи во кралицата со надуениот мев, ме бутка кон најистурениот агол на таблата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Гудало од слатки нерви се скокотка и се игра со некаква виолина.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)