Ленгерите на коработ од жал се стопиле, се скинале едрата, се урнало кормилото - морските бранови над капетанот Џек се склопиле.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Водата се склопи над нив.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се склопи како папка
во една единствена црта
- кога нема растојание
и си е едно - совршен коитус
на брегот на океанот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тој одново усети дека се лулее на езерски бранови и клепките му се склопија, тешки како налеани со олово.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)