Последната мера млеко веќе не се сири, ами се тура во качето за „сирната недела“, а чорбаџиите што наполниле и две-три качиња ќе сторат севте уште на св.Јован за да се покажат и пред гостите на Свети Атанас дојде ли Петковден, тоа е меѓата до кога ќаите ќе ги пасат ругарските овци и кога ќе им ги лачат на стопаните тие што останале преку летото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја прашуваа само неа дали сето млеко од овците да се сири, или нешто да се извади во ѓумови за на пазар, и колку, па колку восок да се остави за свеќи, дали маслото во ќуповите ќе стаса или да се прикупи, дали од месото од свињите што мораа да ги испозаколат, зашто мухамеданците не јадат свинско, да ѝ остават некој черек за неа и за папуџијата Јосиф.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)