Строго контролирани мисли и чувства , перверзно се нижат, се кријат во стихозбирка, се креираат, потоа пред публика повторно контролирана и пробарана се читаат, се сервираат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Членовите на британскиот музички состав, „Кошин“, за да настапат на отворањето на музички фестивал во Бања Лука, побарале од организаторот за време ручекот да им се сервира топла супа во која нема да мрда, ама јасно ќе се гледала опашка од вол, а питата што требала да има централно место на трпезата, морала да биде свинска.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во акчилниците пак нудат многубројни јадења, кои пред самиот муштерија се готват и се сервираат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Имено, луѓето околу вас или безрезервно го подржуваат вашето творештво и одат дури дотаму што тврдат - со што и јас се согласувам - дека сте без конкуренција најзначајниот уметник во Македонија, или, од друга страна, се сервира мислење дека вие сте сепак само “маргиналец”, само недоволно интелигентен “алтернативец” кој не ги знае длабоките и фасцинантни лавиринти на моќта и упикувањето.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
На младината и се сервираа погрешни мисли и зборови: дека овде е тешко да се обезбеди подобар живот, па тие плашејќи се од тешкото, трк кон запад!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)