Додека да се свестам, ја видов како гори во огништето.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Наеднаш се свестив. Почнав да чувствувам како ми навира крв во главата, во екстремитетите.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Дека многу те милувам, синко Силјане, та затоа ти ја прикажувам оваа приказничка, да се свестиш и да се оставиш од тие лоши другари што те учат на лошо оти може Господ да те стори со секакви лошотии.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Толку се изгуби, што не знаеше што прави. Едно време малку се свести па ми се обрати.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Таа сега одеше постојано подобѕрната, сѐ дури тој не се свести да ја наполни пушката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се свести во полската болница на фронтот каде што му го извадија куршумот и му кажаа дека патролата само него го нашла жив и дека имал среќа што не бил смртоносно погоден.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)