се (зам.) - сведува (гл.)

Сум толку во тесно што чинам како божем да се сведувам на зрно кое секој час ќе се соземе самото во себеси.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа се случува затоа што забораваме на Бога и се сведуваме на сурии, секоја за себе, заробени од колективното его кое во сите други сурии гледа непријател и сѐ повеќе и повеќе турската шега „нашето наше и вашето наше“ му станува животно кредо.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тешко ми е да признам дека и јас се обидов, напишав писма кај некои пријатели, од некои добив и одговор, но сѐ се сведуваше на ветувањето дека ќе се заземеле и дека ќе се обиделе да најдат каде води трагата на неправдата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не го тревожеше мајсторот што се победите во тој свет чиста илузија, зашто тој знаеше дека, ако се размисли добро, до тоа се сведуваат и многу работи што се чинат важни во животот и на кои им се посветуваат со сиот напор сериозни луѓе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во психоанализата е присутна силна редукција на тајната, големо неразбирање на знаковите и симптомите, сѐ се сведува на она што Лоренс го нарече „мала нечиста тајна”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се сведува ли сета стварност на човека во обична илузија? Не се ништи ли вистината со невистина?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тука сѐ беше запишано, но се сведуваше на: да или не!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И ние, децата, иако наведнати врз отворените тетратки и книги, божем внесени во домашните задачи, ја очекувавме Татковата порака, пресудата која се сведуваше на еден од двата прости збора: остануваме или заминуваме!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од таму, невозможноста повторно да се разгорат огновите од 68-та: да дојде до повторно преиспитување на науката во судирот со самата власт - експлозивните контрадикции меѓу знаењето и власта (или откривањето на нивното шурување, што се сведува на исто) на универзитетот, а со самото тоа, со симболичната (повеќе отколку политичка) зараза, во севкупниот институционален и општествен поредок.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дишановите назнаки во поглед на „Големото Стакло“ речиси и не постојат, и се сведуваат на сибилски фрази.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Музика во која беа содржани сите комбинации на пронајдените и непронајдените ноти, што истовремено се сведуваше на трите елементарни гласа вплетени во меѓусебна звучна игра.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Подоцна, во циркусот, кога созреав како маж, се убедив дека анатомските можности во технологијата на љубовта се сепак ограничени (иако можат да бидат мошне богати) и дека се сведуваат на тие, во суштина – неколку препознатливи сигнали и движења што се вообичаени, и дека без потреба сум се лутел на Луција таа ноќ на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој вид на самоказнување кое доаѓаше поради животната филозофија „сѐ или ништо“, а се сведуваше на избор на „ништото“ наместо на „средното“, не ме напушти и натаму низ животот, а особено подоцна, кога стапив во циркусот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па не е мудро, тогаш, да се апстрахираат, да се деспецифицираат, да се генерализираат, да се хомогенизираат и да се сведуваат на некоја универзална граматика на машката геј- култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но двата склопа од спротивставени вредности вопшто не се сосема идентични, а разликите меѓу нив упатуваат во занимливо расклонети насоки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Патолошката душевна состојба на која упатувале тие поими подразбирала истополова сексуална желба, но не се сведувала само на неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И силата/страдањето и гламурозноста/абјектноста би можеле да се сведат на поедноставна формула, на општа равенка, на основна структура дефинирана со бинарноста моќ и ранливост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е прекрасно, навистина прекрасно: вашите браќа плаќаат за вашиот престој, вие уживате во слободата во овој затвор, како што ја нарекувате нашава болница, наспроти неслободата и присилата кои сте ги чувствувале надвор одовде, неслобода и присила далеку помали од оние кои ги чувствуваат вистинските болни, секако, вашата неслобода и присила се сведувала на семеен конфликт, а не на длабок раздор во себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да, вие сте овде навистина како на еден долг одмор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ете на што се сведува идентитетот на гостинот, шифра на потрошувачка ниша, проста маса, кафански бар код. Јас - петката, со лаптопот наместо пријател.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Анализата што младиот доктор ја правеше во својата глава му сугерираше и се сведуваше на едно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите негови маки и незгоди се сведуваа на тоа: со влегувањето во занданата, тукашните го потсетиле на обичајот - да ги почести со по едно кафе за добредојде во „фамилијата“. Пази боже од ваква фамилија!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А изборот на велосипеди се сведувал на женски и машки „точак”, фирма „РОГ“, и толку. Немаше ни боја, ни металик.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Целокупниот отпор против овој народен непријател се сведуваше на две компоненти.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Маалското дружење се сведува на случајни средби додека искачаш од дома, шишаш трава или чистиш снег.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ете, накусо, на ова се сведува приказната за мојот грев што од страна на таканаречениот Народниот суд, по ослободувањето и создавањето на нашата држава, беше окфалификуван како предавство…
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Голи, стимулирани со афродизијак, збунети од постојаното набљудување и спреченоста да се олабават со мастурбирање (ерекцијата во сон автоматски вклучува огромна електрична зујалица чии вибрации го исфрлаат субјектот од креветот точно во смрзната вода, со што случаите на водени сништа се сведуваат на минимум).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мрачните резултати се предвидливи. Како што растеше употребата на кибернетичката комуникација, политичката моќ се сведуваше на оние што ги контролираа воздушните бранови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа го гледаме уште од подемот на фашизмот и тоталитаризмот...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кафулето врз една тераса му се виде привлечно, но кога се приближи, виде дека е тоа полно со џагуриња и безделници кои не можат еден од друг да се чујат поради прегласната музика што се сведуваше на обична ропотеа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој ја памети Струмица кога гратчето се сведуваше на општинската зграда во центарот и двокатното полуруинирано хотелче, со стрмни скали однадвор, со заедничка чешма со студена вода покрај нужникот со дрвена врата што тешко се затвораше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)