Еве ме, Купидоне, еве ме, црна музо, јас сиот ти стојам на располагање, удри на мене, бори се со мене, се саможртвува Трифун Трифуноски.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Исмаил бил од оние многубројни Турци и Европејци коишто уште не можеле да се убедат дека Македонија има сѐ повеќе луѓе што се фанатично предани на ослободителното дело и се готови во секој момент да се саможртвуваат за својата татковина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Фактот дека тие му припаѓале на Гемиџискиот кружок е доволен да не убеди дека и тие во однос на основните карактерни особини, и по она најважното - готовноста да се саможртвуваат за слободата на Македонија - не се разликувале од оние гемиџии за кои погоре стана збор.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Гемиџиите сметале дека тие, како индивидуалисти, како револуционери коишто се готови да се саможртвуваат без притоа да имаат потреба од ангажирање на широките народни маси, ќе можат секој момент да ги реализираат своите планови, само ако имаат доволно парични средства.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Војниците, командувани од некојси познат на солунчани Арап Бимбаши, истрчале да го скрнават телото на убиениот, меѓутоа, командирот, изненаден од готовноста на херојот да се саможртвува за своите идеи, како и од пројавената смелост и ладнокрвност пред смртта, забранил да се унакажува телото на младиот револуционер, посочувајќи го како пример како треба да се гине за татковината.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)