се (зам.) - сака (гл.)

Колку и да се сакаше, по отворањето на земјата и десталинизацијата, козјото прашање, нецелосната и неуспешна колективизација, да се потиснат на втор план, особено по раскинот помеѓу Тито и Сталин, со исклучувањето на Југославија од источниот лагер, со свртувањето кон Запад, во земјата позачестено доаѓаа новинари за да видат што се случувало зад „железната завеса”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Место да се врати, Драге ѝ пишал на Верка, со која се сакале пред да замине од Маказар, да оди во куќата кај мајка му и кај сестра му и да биде снаа. Таа така направила.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се работи дење и ноќе ако се сака да се заработи нешто.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во општество во кое натпреварот во основните културни добра е стожер на делувањето, луѓето не можат да бидат научени да се сакаат меѓусебно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Размислувај и не бегај од она што во себе го сметаш за вистината, зашто само по тоа луѓето се ценат и се сакаат...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Е море, си ода, бацко Толе, си ода, бре, млада су, ми се сака да носа, да јада локумчиња, шиќерчиња? — му одговори таа слободно и му намигна со левото око. — Зар тебе не ти се каснуа пиленце?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Толета не му ни требаше повеќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не се сакаше таков, бараше во себе сили да ѝ се противстави на таа зачмаеност, но не успеваше да ги најде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само да е убаво времето, па да се искачиме на Гола Глава, па овците да пасат околу нас, да треперат ѕвончињата, а небото да биде сино и мило, само некое орле да се гледа во височините, па да седиме и јас да ти ги покажувам далечните планини, Пирин се гледа оттука, и Рила се гледа на север, Беласица можеш да ја видиш, и сѐ се гледа, и од некаде ветре долетува и носи миризби од некоја далечна гора, од некој нестопен снег, па ти е мило, па ти се сака да ги рашириш рацете и да леташ...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дали да се сака ближниот и колку? И колкава треба да е блискоста со оној Кој не може да ѝ послужи на корисноста?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Многу ми се сакаше, речиси нешто ме копкаше, некому да кажам што сонови сонувам, ама не решив, пред стрика Бориза ќе испаднев религиозен и суеверен, а тоа најстрого го имаше забрането Партијата, и стрико Борис за такви работи, религии и суеверија, не проштаваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со тој брак, ние всушност (јас и Земанек), се убедувавме дека не сме згрешиле што сме го избркале Јан; оти тој брак реално постоеше, и беше знак дека се сакаме; а ако се сакаме, тогаш не можевме да бидеме виновни за тоа што немаше место за трет во тој наш свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
-Причина за гордоста е самољубието, а гревот е последица на тие две нешта – одговори старецот, продолжувајќи:- Ако човек се сака само себеси, не може да ги сака другите живи суштества.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Постепено таа станала свесна дека нема да бидат никогаш среќни со мажот поради таа страшна вистина, колку и да се сакаат.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Татко ти и твојата мајка многу се сакаа. Затоа основаа и свој дом. Потоа се родивте ти, па Ели.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тие раководци ги прават сите усилби да ги покажат мотивите и самото движење како што им се сака ним; ама работата е оти не само ние, ами и другите имаат разум и очи да видат и да разберат како е вистината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И му се сака никогаш да не престане да го слуша.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
САВЕТКА: Добри луѓе не се сакале... (се ракува). Добре си дошла...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Па тој ме тера мене да помислам често дека сите луѓе отсекогаш краделе, а тоа е онаа неговата вистина, што тој ни ја наметна на сиве, така што дури и јас речиси заборавам многу работи, што ги знаев за животот, кога мислев дека сѐ зависи од тоа колку се сака да се создаде нешто, и колку труд ќе се вложи во тоа, и колку чесност и ќе се вложи во тоа, колку чесно и ќе се сака и ќе се создава тоа, и уште колку среќа ќе се има притоа, и дека не постои ништо друго, што би можело да влијае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тогаш ќе можевме да чекаме колку ќе ни се сакаше, со еден таков полн сандак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Исцрпениот Арсо го заменува Павле. Им се сака да веруваат дека карпата е тенка и пробојна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сувата миризба на правлива волна му ги суши и стега градите и му се сака да избега надвор на отворено каде што има воздух и ширина за погледот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Прислужникот стоеше и се смешкаше на прагот како да не му се сакаше да си појде. Арсо за првпат го гледа ваков.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За љубовта Пред многу, ама баш многу години, додека пеперутките сѐ уште можеа да се снимат на гастроскопија, во стомакот, и кога не беше срамота да се сака, се дружев со двајца слепи, кои само едно гледаа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некои велат дека затоа толку се сакало, оти тешко се доаѓало до рожба; јас не би се согласила, зашто имам толку искуство и знам дека и не мора да биде вака страшно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вака, неисламизирани, може да ги држи во постојано напрегната ситуација, на исто рамниште со другата хирстијанска раја, и да ги исцедува колку нему му се сака.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ова овде е најтивкиот дел од градот.. собата во која се сака и сонува мечтае и посакува...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Во еден момент, шетајки се низ еден парк низ кој се пресекуваат неколку поточиња и уживајќи во присуството на другиот, тие чувствуваат дека всушност се сакаат и дека се создадени еден за друг.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дејствувајќи врз слабите страни на српскиот народ и оставајќи го во илузии, само не чепкајќи го во националните чувства - со него може да се владее како што се сака”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Цареви и слуги ме гонат низ бездомност, низ молњи и недореченост, низ сѐ човечко мило непроговорено во трепетот на пеперутките. Трепетлики во она што се сака.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
И тој е еден од адетите, та не може да се изостави ако се сака напредок.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Така е убаво, да се сакаш, а да не се гледаш, да не се задеваш со него, — ја учеше мајка ѝ кога разбра од Тода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На, лежи, земи го!.. . Ристе ја стегна раката. И му се сака, и му се нејќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Пеша Милевска се сака со ќатипот! — И пак се изви громко и долго кикотење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се мразам што не знам ни штекер да сменам и ништо од пенкало потешко да кревам се мразам себеси што самиот се мразам а дупло би се мразел ако сам се сакам
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Мислеше: да ја фатам планината, па да видиме кој кому ќе плати, стар сум, а и окото веќе не ми нишани; да побегнам некаде – нема каде, а и ако побегнам, тој ќе ми плати со крвта на некое од децата; да седне да чека да биде што ќе биде – ни тоа не му се сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие се сакаат, се почитуваат и се заштитуваат еден со друг, како да се две деца.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ни пресековте нам од косите, му пресековте и нему, ги врзавте, и со нив ни стркнавте по главите света водица за да се сакаме, да се љубиме.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Жалам што не можев да го претворам во радост секој ден поминат со тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можам и не сакам да заборавам, а чувствував тогаш и чувствувам сега после толку многу години дека искрено се сакавме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Може ли во болка да се сака?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кој кого да сожалува во нашата родна земја која мораше да се сака и кога те убива, но заробена од самата себе поради грешниот ментален склоп на некоја глава, со невидени параноични последици за невините луѓе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во времето на италијанскиот фашизам се сакало на градот да му се наметнат неоримски димензии, во слава на римското враќање на Балканот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Ведан и Величе се сакаат! - викаше на сиот глас, бегајќи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нејзината мајка и тетка Чана се сакаа како сестри, така велеше тетка Деспина на баба Роса, така се сакаме Дончо и јас! мислеше понекогаш Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Татковината може да се сака отсекаде, ќе вели Паун Радевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човек како мене толку сензитивен и посветен, може да биде исполнет најмногу од уметноста и науката, затоа што само тие како децата можат да се сакаат безусловно и секогаш на истото ќе ти одговорат со дупло поголема љубов, ако ги сакаш и негуваш на вистинскиот начин.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Некои работи останаа некажани, секој нека суди по свое. Романот го посветувам на сите што научиле како се сака....!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)