се (зам.) - реди (гл.)

Продолжуваше „ловот на вештерки”, се редеа монтираните процеси, се вршеа брутални кражби во името на „класната борба”, не престануваа верските и идеолошките погроми, течеше злата крв на делбите, тивките и гласните ликвидации.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мислите во главата ми се редат како бескрајна низа и секоја од јасно појасно обликувана и изречена.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Гита Коец едновремено го жалеше (жив ли е? каде ли е? како му е?) и го прекоруваше својот маж и во лепливите летни, и во прозрачните есенски, и во овие пусти зимски солунски мугри што се редеа во нејзините бдеења додека ја исчекуваше завршницата со неговата интернација. Ќе го види ли повторно?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А сѐ можеше да биде поинаку.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Катахоро ни остана во лошо сеќавање, но затоа пред нас се редеа, еден по друг, кампови и одмаралишта, како на дланка крај морето, потонати од густо зеленило.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Метрите ни се чинеа долги како километри и кога излеговме на чистина, кога пред нас пак почнаа да се редат оснежените ливади и планини, тогаш се успокоивме.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секој си ја гледа својата работа и си се реди како што му е згодно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На фискултура претпоследен се редам. По мене е само Дракче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Зошто сум низок? Тато е висок. И мама е висока. А јас?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Кога би се редел прв, не би се подбивале со мене: - Ама Крали Марко! Кускуле...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Секако си се метнал на мене!“ рече тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Рано ти е да се вишиш. Јас дури во шеснаесеттата година се извишив.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Лежев сосем неподвижен, небаре мртов и самиот си се сожалував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И сѐ додека раката може да ја држи мистријата и окото да мери со пљумчето и додека животот се реди од сурови, неправедни и алчни луѓе - мајсторите нема лесно никого да пуштат да застане до нив на скелето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во отоманските простории на Судска медицина ги пречекаа некои лица под гази и со гумени ракавици, кои би можеле да му бидат некогашни колеги од студии или вонземјани ангажирани за хонорар, што ги одведоа до една поголема просторија како семинарска читална по чии ѕидови место рафтови со книги се редеа кофчежиња за картотеки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Штом поткрена поглед, започнаа пак да се редат тажачки, солзи без почин.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И додека траеше и грмеше музиката, на бината се редеа владици и попови облечени како за голема богослужба, високи армиски и полициски офицери со сите одликувања обесени на градите, градоначалникот на Костур, селскиот даскал, кметот, новинари и други непознати лица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стружам и под истружениот слој се редат буквите: а, т, а, д, е, б, о, п...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Биеја камбаните од сите градски цркви. Се редеа поповите и певците и хористите од црковниот хор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Боите како сами да се редеа, како сами да се мешаа. Платното му се пристори нов отворен предел во кој требаше да зачекори, да исчезне.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И така случајностите се ределе едни по други, а луѓето благодарение на нив, се движеле кон врвовите на социјалното живеење, но и се спуштале на дното.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За среќа, сеќавањата му надоаѓаа без некој посебен ред, а музиката не престануваше да му се менува во главата како на џубокс во кој различни раце пикнале цел куп парички, па сега песните се редеа една по друга без некои поголеми паузи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На моите листови се редеа: исправени малечки тркалца, големи тркалца и што ти не! Се редеа и моите незгоди.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Како на стар проектор се редат сцените: првиот плач во болницата, непроспаните ноќи, пелените, кашичките и чајчињата, медицинските енциклопедии, остави ја цуцлата, треба поголеми патичиња, не во уста!, „две рачички со десет прста“, Ноди-тракторот Том-Мики Маус, како прави магарето?, кликни на црвеното кругче, дувни во свеќите, ајде да градиме куќи, дојди да те гушнам, одиме во парк?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но, ни тоа не потраа толку долго, колку што беше потребно, за да го узрее во себе дури ни тоа чувство, кога виде како по снегот наоколу почнуваат да се редат едно по друго и да нараснуваат во приближувањето десетина издолжени црни тела, сите со муцките впиени во сиромашката миризба на крвта, чиниш врзани за тоа испружено тело во снегот со некакви невидливи врвки, кои некој сега сите заедно ги повлекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На неговите гради се редеа ордени, признанија, пофалби, знак за праведно живеење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се вртам кон следните гости и со наклон и рака испружена ги канам да повелат да се фотографираат со младите, а тие се редат во групи - дедо, баба, мајка, татко и деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И само се сложува снегот, се реди, се крева нагоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка си ја следат , едно позади друго во ред се редат.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
На екранот се редеа сцени со Горбачов, долгочасовни емисии со хипнотизерот Кошпировски, кој преку екранот ги хипнотизираше милионите советски гледачи, и мрзеливи сцени од некои емисии за вкусно аранжирање на храна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На говорницата се редеа лидерите на партиите. Едни читаа долги говори, други драматично говореа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кој сѐ се реди во погребалниот спровод на телесно умрениот дух во таа негова куќа?...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И така пак се редеа години, а таа само се дебелееше: постојано устата ѝ мелеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во саботата се плете невестата со гајтани, се реди со разни решмиња, монистра, ѕрнѕурки одзади по грбот, од тилот до пети, отспреди — од ушите до прстите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Линијата се редеше по петте собрани прсти на разни прекршители на дисциплината, а при големите „престапленија“ се применуваше и драконскага „валага“ та дури и граовите зрна истурени на земја (бидејќи собата немаше душеме) на кои за казна клечеа на колена „престапниците“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А денеска ќе биде работа, ќе ги спријатели, а — утре; дните се редат, а агиве чекаат ли чекаат посестрими од Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
БИЛТЕН Ајде ред се редат мале Коцкаришта на шалтер Сите мале ги заеба Баерн 85 ДЕН +ДДВ Уклучив ТВ Гледав гачка И пљачка од лажлива гатачка
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Јонче го знаат ко весело момче се дружеше често со другарот Јовче во лето во дворче се редеа вовче и секоја вечер беше авионче.
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во воз на влеча немаше плата сметки се редат, фамилија страда извршител крвник тропна на врата кај има сила не барај правда Роди се човек роб биди животот мачен од лопови, гниди секое лето на одмор на Вардар секоја зима на маса со ајвар Пуста да остане економска криза реши да земе иселеничка виза партали собра во Канада слета татковино курво, децата ги еба
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Како и сѐ друго во Америка, така и овој центар има свој ентертејнмент дел: туристите се редат во редици не би ли виделе автентични спејс-шатлови, астронаутски одела и скафандери, хај-тек курци-палци и слични тракатанци.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А вестите се редеа: Конференцијата на амбасадорите во Лондон, врз основа на извештајот на Комисијата на 6 декември 1922 година одлучила спорната зона да ѝ се додели на Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Одеше во камбанаријата, тргаше на јажето и го удираше ѕвонарот; кога ќе се измореше тој, го заменуваше отец Иларион, па отец Серафим, па се редеа другите калуѓери.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Едниот ќе поведе во својот утрински занес пречекувајќи го сонцето другите го следат во складно безредие и еден по друг се редат во устремот на денот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Пандо се оптегнува, погледнува долу и, кога забележува како се редат пред казаните, оди во својата барака, ја зема лименката од конзерва што виси на гредата и, нишајќи се, застанува во редот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А таму веќе почнуваат да се редат една зад друга. Растат редиците во црно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Им затреперуваат брадите. Затреперуваат образите. Загледани во ливчето хартија, одвај ја подголтуваат насобраната плунка. Се шират зениците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Овој напор го огрди, уште повеќе го остаре неговото лице, уште повеќе му ги избразди и му ги искриви брчките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Црната кадрава коса и ги покрива рамената, се распостелува по плеќите, го допира подот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Си ги ложам градите со облоги, се редам со винска киселина, ама не помага.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го оставаат Шиптарите оружјето и се редат онака настрана, уште загледани во него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште се редиме, што се вели, бараме човек со полазна нога, со лесна нога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Месец март е почнат, а снегот од некаде се поврати и само трупа, се реди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На пладне се редиме на казанот: си го гледаме тилот и кирта на јаките, мрдањето на ушите и вилиците што џвакаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред мене се редат куќи и улици, училиште селско, варосано, чисто, о, спомени детски, одбегнати птици, ко детулче каде јас сум учел писмо!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Низ приредбата се редеа стихотворби и песни за училиштето, учителката, другарството и на крајот хорот, оркестарот и сите присутни ја исполнија песната - Децата сакаат МИР!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А на оваа олимпијада кревети и креветчиња се редат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Никој никого не почитува, потсмев се реди, се низат шеги за оној, Вистинскиот, што масата ја собра, што никој така разулавен, не може да види и слеп е, дека вреди.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Следуваше звук на истрел и пред него со огромна брзина се редеа чудни слики на кои не им го знаеше потеклото (знаеше само дека не е во кино).
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Под превезот на мрачнотијата луѓето заедно со стоката се редат во колони.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И сега се оддиплуваат во него спомените и брзо се реди објавената вест: „Западна Македонија во овој миг претставува невралгична точка во нашата земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Синот на Тајко затрепери. Значеше ли тоа дека работите се редеа во негова полза?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама, не го ни дорече тоа, а портата заклепа и почнаа да се редат пријатели како кај болен, да му ја олеснат маката со својот збор, а и скришум да се порадуваат дека не се на негово место.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така работите навидум се редеа, ама настрана од нив, никакво ограбрување за честа што ќе му се поврати наскоро, не можеше да биде утеха за мирот на новиот Мурат-ага.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ене, онаму се редат дојдените од селата!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)