се (зам.) - ребри (гл.)

Па и после, ако подзастане возот, пак ми се чини дека поради мене застанува. Се ребрам да не ме слезат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се ребреше очекувајќи го првиот удар, првиот заграб на оние шепи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе влезам и само се ребрам, само чекам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сакам да го прашам нешто, ама не можам да се престрашам. Се ребрам само.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој секогаш само би продолжил да молчи и да се ребри.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Завивањата почнуваа веднаш крај нив, на неколку чекори од нив, тоа ги тераше при секој нов писок да се ребрат, збрани во студените трпки на страот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)