Чана како да беше откриена во нешто што не треба никој да го знае, ѝ се рашета крвта по лицето, очите ѝ затрепкаа, а од устата иако се отвораше и затвораше, не излезе глас.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И Толе го запна бројот на мариовската курдија и до вечерта се рашета горедолу низ долината за да го дочека вечер кир Андони, да му определи обор каде ќе ја помине зимата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дедото Богдан се рашета гордо низ пазариштето, разбра што му требаше да разбере, ги изжала и другите чифчии што ги виде, се нафрли пред сите со мариовската слобода и се врати кај Ангелета и селаните.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ги кутина тој луѓето како некој пеливан полеан со масло, што се рашетал по чаирот и не мирува дури не ги види сите на земја.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Излегов да се рашетам из таја Бистра планина, там најдов мојте браќа и сестри, сите со пушки и бомби.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)