се (зам.) - расфрла (гл.)

Инаку јас сум следбеник на идејата: да не се расфрламе со своите тајни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
36. ЖЕНА МЛАДА, А ВИНО СТАРО ДА СИ ЗЕМЕШ - е, тогаш од небото ѕвездите ко крушки се берат и по земјата се расфрлаат како плодородно семе за да никнат неволи по возраст што не се мерат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Инсталацијата за снимање што Богдан Русимиров во службениот стан на Ема Ендековска, додека таа беше во домот на Нинослав, ја постави ноќта, на 15 јануари, даде солиден резултат (одредницата солиден беше оценка на Шефот кој, по правило, во општењето со другите, па и со најблиските, се обидуваше да не се расфрла со крупни зборови).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ајде, башлама сутане бирда јапмајнз муабет за ова!“ Сигурен дека ибн Пајко нема избор, освен, чувај боже, зашто нема челад што да го жали па да си го одземе животот, обесен на некоја куќна греда, Мехмед-паша, во присуство на навиот кадија Махмут-бег, ги викна своите двајца хазнадари, Дилавер-ага и аџи-Ризван, и им нареди да приберат и стокмат ситнеж, зашто приквечер, по икиндијата, со ибн Пајко ќе се појде во џамијата овој таму да се турчи, а тој, како валија, сака притоа да се расфрлаат пари по калдрмата каде што ќе поминува неговата поворка, за да види рајата какво славје е тоа!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само пијат, само тепаат и само тргаат цигари. Се расфрлаат со сѐ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А од нивната касарна, таму најгоре на Чауле, како сведоштво за немоќта на војската да се одбрани од ајдутските напади, и ден-денеска се расфрлаат камења и старовремски ќерамиди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)