Во опасна близина на цензурата систематски беше кастрирана.“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тогаш и многу други гранки ќе ги подигнеа своите згрчени прсти и ќе се растовареа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Теоретско-практичниот ангажман мора да се растовари од оној преземен мандат - историското легитимирање на критиката - кој ги влече своите корени од свенатата традиција на просветителството.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Беа се растовариле на мегданите околу бањата, кои, како и секој петок попладне вриеја од чези, дотерани мажи и растрчани деца.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кажи каде ти е товарот со словата, за да заповедам да ти се растовари“, рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И се слизна покрај мене, како куќа да ми се растовари од над главата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мора да се врати на легало, вели, мора да се растовари. И чекаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)