се (зам.) - расправа (гл.)

Татко ми имаше книги во кои нашироко се расправа како козите ги осиромашиле шумите во Шпанија, на Сицилија, на Корзика, падините на планината Атлас во Северна Африка, дури до Црното Море.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Битола занданите се полни. Што да се расправам за нашите маки и жалови...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога таа се расправаше со нас секогаш беше на нејзина страна, па дури и кога знаеше дека таа не е во право.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се расправаше дека, во овие дни, Лајпциг имал околу 700.000 гости, колку што има и жители.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За основната дилема на секоја државна уметничка политика - дали согласноста на мнозина значи и квалитет на некое уметничко дело - во овој случај не се расправаше.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- „Што ќе го читам јас кога ти си го прочитал”, рече Орде непријатно мрштејќи се и почна да се расправа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Заповедајте таму да ме арестувате... Таму ќе се расправиме јас и ти!...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дури старците уште се расправаат, надвор некој се приближува на прсти зад Савета и полека му дига една фигура.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Оружје? Од каде пак тој оружје? Тој, кутриот, со училиштето се расправаше...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Ајде, прекрати, нема сега да се расправаме!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Секој слушнат турски збор од кулата му ја буричкаше бујната природа и можеше уште истиот момент да се најде на кулата и да се расправа со агите и нивните ортаци: Сивевци, Тошевци, Данабашовци, на нему својствениот начин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во нив надзорниците ја носеа силата и куражот што им помагаа да се расправаат преку ден со работниците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе стана пред зора и го побара Бешот и другарите, а овој на брзина му ја кажа новината и му го доведе мелничанецот да слушне лично од него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако ми паднат на колај, ќе се расправа и со Арсланбеј и со Тренков војвода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но место предавање Петко му запна еден куршум и коњот падна под агата, а тој старски побегна назад за Маково, оставајќи го Бахтијара сам да се расправа со бунтовниците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами вака ли ме кандисуаше, побратиме, да ви се придружа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со такво расположение Толе ја преседе ноќта по борбата во Полчишта и во зората го дочека и Мише Ќосото, кое оваа ноќ ја проведе со тетка си, и уште неразденето си го јавна коњот со дисагите, полни месо, леб и алва и си ја фати неговата златка Сливина, да си го продолжи својот стар занает — арамилакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе таа ноќ спиеше со Ќосото баш кај тетка му на овега во Полчишта и нареди никој да не го беспокои ноќеска, па макар јузбашијата со сиот аскер да го сардиса: — Утре на видело ќе се расправам, кој сака нека иде! — беше последната негова наредба пред спиење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На дневен ред се расправа ребалансот на буџетот, а ја залегнат у дубоката кожна фотелја кликам на новите статуси кои ми пристигаа на фејсбук од државниот лаптоп.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А насекаде се расправаше за нејзиниот чеиз...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дури тогаш, по смртта на татко му, откако почна сам да се расправа со сопствениците, Аргир разбра колку биле празни надежите на печалбарот, кој работи туѓи куќи и кому туѓи луѓе без душа и срце, му го мерат и ценат тешкиот труд...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
(Нешто слично ми се имаше случено само уште еднаш; имав слаба по математика, во втора година: Земанек ме тешеше, и ми даде една книга под наслов „Космос“, од Карл Сеган; таму се расправаше за нови, незнајни светови; се тврдеше дека секоја секунда изумираат милијарди и се создаваат уште толку нови светови; тогаш за првпат ми стана смешен проблемот што го имав со слабата по математика).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Прашав едно од децата - зошто се расправаат. Тоа ги собра усните; вообразено објасни: - Мајка му на Димка ја обрале.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пет Еврејчиња, некако свечено чисти и облечени, стоеја во група и се расправаа нешто што ние, далеку од нив, не можеме да го чуеме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не бевме расположени да се расправаме и со него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во ќошот, близу до вратата, седеа тројца коњички наредници, тропаа со сабјите по масата и се расправаа нешто.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Или, на друго семантично рамниште, кога во истата приказна истиот јунак, предок на махараџата Раџнапур кој уште во 1521 година се расправал со ајдуци, ќе му претскаже на нараторот дека „по две години ќе оболеам од птичја болест и оти не ќе говорам, туку понајчесто ќе чурликам и чурликот ќе го запишувам и од него ќе направам книга во која многумина болни ќе влегуват, здрави ќе излегуваат“ - што друго значи тоа освен дека нараторот ќе стане поет и дека со својата поезија ќе ги лекува луѓето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И најчесто се караше и се расправаше со оние околу него – како што се раскара со Петар, се раскара и со Варнава оној пат кога се вратија во Ерусалим.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Ти велам... - Остави ме. Не можам јас да се расправам и со тој твој Неделко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му реков: „Те прашав за девојката што ми донесе вода. Кажи ми што сакаше да ми кажеш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се чудел Онисифор Мечкојад, поточно не тој самиот туку како некој одамнешник да демнел од него со прашања зошто не го оставил другиот Онисифор сам да се расправа со закопот, како и пред тоа - со покојниковите претчувства и предвидувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ти си, Борисе, како извртен минтан. Пред ова беше за другиот Онисифор. Нели сте и роднини?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Девојката не е за тебе, тоа.“ „Не е ни за тебе.“ Не сакаше потаму да се расправа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
САВЕТКА: Еве се расправаме... Не те слушаат сега, сестро, младиве.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Некои патници се расправаа заради дуплираните карти кои ги беше издал шалтерскиот работник.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не бира со кого се тепа. Се тепа и се расправа и со машки и женски.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се фаќаш за главата, а косата не се расправа. Се затестила од гниди, од посерки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Времето никакво: не се расправа, не се поткрева, не се псиргнува. Прокиснуваме ние, прокиснува цела земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За било што, за најмала ситница, подвикнуваше и се расправаше: гласот ѝ беше писклив, крикав како на птица грабливка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мајмуните скокаа по големите совитливи гранки, кинеа крупни банани, се расправаа отворено и понекогаш се бунтуваа, тешејќи се и жалејќи се на законите на старата џунгла.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Липав за сите Баби со тешки товари во корпите, за Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштите, за Таксистите на црно кои со инспекциите и патарините се расправаа, за Циганчињата на Камениот мост кои просејќи умираа за нивните родители да живеат... за кои никој не собра заедничка сума, затоа што на родителите, законски не можеа да им се одземат...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Многу се расправаше со татко, а то кај нас дома не е баш вообичаено, односно, ич не се случува: никогаш никој не му се спротивставува на татко ни така директно како та шо прај.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сѐ уште се расправаа, со живи, страствени лица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Петнаесетина минути се расправаше со неа околу тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Страшно ѝ беше на Ѓулсиме и да се сеќава на тоа: како потоа Сафет-ефенди се расправаше со чаушот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Свикнат да се препушта на своите претчувства, тој цела ноќ око не заклопи: божем некој јорганџија без престан дрндаше памук покрај неговото лево уво, додека десното свесно се расправаше со реалните гласови на Блатието, со криците на чапјите и со шлапкањето на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оти од раѓање знаеме дека кој молчи ќе изџвака повеќе еукалиптус И спокојно ќе си сонува а сите знаат дека За секоја коала сонот е од првостепено значење И така демек слушам двајца кајшто се расправаат баш за соновите
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Лиќо (синот на Видан) почна да ја доградува куќата што ја наследи од татка си, а со тоа му го затвори светлото од куќата на Јаким (синот на Блашко); почнаа да се караат, да се расправаат; селаните не успеаја да ги смират, и започнаа од судот да идат комисии, да гледаат, да мерат, да цртаат, да прават записници и судот донесе одлука Лиќо да го сруши изградениот кат со кој му ја затвора светлината на Јаким.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа исчекување како да внесе промени во нив, како да започнаа да стануваат подруги; не се расправаа, не се караа како порано за секакви и секојдневни работи: кој кому му пресекол дрво во забранот, кој во чија ливада пуштил добиток да пасе, кој кому му направил штета во нивата, чија кокошка снесла јајца во туѓа плевна, или претала во вртот, та била заклана, кој кому на славите и свадбите му опцул мајка, го плукнал или удрил; кој во чија жена зрчел и ја задевал; кој кого го поткажал на џандарите дека ја пцуел власта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Под еден куп камења Зборот се расправа со смртта
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
„Не се работи за тоа дали тоа сме го заслужиле; едноставно не одеше, не успеа. Гледам, дури и не се расправаш околу тоа. Зошто?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А ти, ти кој знае каде скиташе. - Се расправав со оние од џипот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не ја знаете ли пословицата: „Пушти си ја ногата колку што ти е чергата“, чергари парталави!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Господе, господе! Што ме најде! Со нив да се расправам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПАНКО: Со тебе сотоњак човек не може човечки да зборува. Туку со нив ќе се расправам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- До сега се расправавме со налудничавиве играчки.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ѝ носат, и не носат - сѐ така се расправаа, најнакрај Мими сепак попушти и мама Злата ѝ ги обу чорапчињата и сандалките, напоменувајќи: - Да знаеш, ова е вака само денес - затоа што ти е прв ден!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
БОЖО: Сега ќе бидеш љубезен веднаш да ја напуштиш куќава. Да не се расправаме поинаку.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Јано, Пандо, Лабро, Ристо и Наќе, сите почнаа да се расправаат со дедо, викајќи еден преку друг.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А таму крај патот, седнати на влажната земја, пријателите се расправаа: - Ами како поинаку? - праша Иљо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И се лутеше, пцуеше, жолчно се расправаше со другарите кога слушаше дека таму „горе“ како што се велеше - големците се караа меѓу себе, се обвинуваа и се клеветеа, се распоредуваа на оваа или онаа страна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не сакав така да седам во тишина; сакав возбудено да разговараме цела ноќ како што правевме порано, сакав да најдам некој начин што не ќе звучи патетично да ти кажам колку убаво си поминував со тебе, колку ми значеше нашето познанство и како одеднаш сфатив дека бев толку сконцентриран на тоа да станеме љубовници што заборавив колку блиски бевме како пријатели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Расположена ли си за Донг вечерва?“ ќе те прашав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
II. Им забрануваме на сите наши поданици без оглед на нивната положба или професија да го оживуваат споменот, да се напаѓаат, да се навредуваат, да се караат и да се предизвикуваат еден со друг со префрлања во однос на она што се случило, без оглед на причината или околоностите, да се расправаат, да се оспоруваат, караат, засрамуваат или навредуваат со дејства или со зборови; нека се совладаат и нека живеат заедно како браќа, пријатели и сограѓани, а кршителите ќе бидат казнети како кршители на мирот и нарушувачи на јавниот ред.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакав да го знаеш сето ова. Сакав повторно да ти се допаѓам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Седевме без да зборуваме ниту да се допираме и се сеќавам дека помислив дека повеќе не сакам да се расправам со тебе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
III. Одредуваме католичката, апостолската и римската вера повторно да биде воведена и воспоставена во сите краишта и места на нашето кралство и земјите што ни се нам покорни, каде што беше нејзиното делување прекинато, и затоа така мирно и слободно ќе се изразува без каква и да е тешкотија или пречка... okno.mk | Margina #32-33 [1996] 94 (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не беше веќе потребно да се расправаме или да се милуваме за да ја повикаме удавената жена; каде и да одевме, таа се појавуваше по своја волја: во ресторантот „Роки италијанска говедина“, во „Линдо Мексико“, и во „Куќата на Донг“, нашиот омилен кинески ресторан во кој што сѐ уште често одевме затоа што во почетокот на годината, кога беше зима и ние тукушто бевме почнале да излегуваме, нѐ оставаа да седиме и разговараме до касно само со малечки шољи јасминов чај и раздробени „колачиња на судбината“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постојано се шегувавме околу одењето таму.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
VI. И да не оставиме никаква можност за немир и спорови меѓу нашите поданици, дозволивме и дозволуваме на сите припадници на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, и инаку се однесуваат според она што е запишано во оваа одредба, да живеат и да бидат настанети во сите места и краишта на нашето кралство и земјите што ни се покорни, без да бидат малтретирани, навредувани или да бидат присилени да сторат какво и да е верско дејание спротивно на своето убедување, ниту да бидат заради тоа барани во својот дом или таму каде што сакаат да живеат. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Отпрво само се расправаа, докажувајќи ги своите права, потоа замолчаа за да не прозборуваат никогаш повеќе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Види колкав си, засрами се! Лесно е со послаб од тебе физички да се расправаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)