Таман на среткуќа кај долното било, за голема радост на Доста, од пелената се слушна нешто како маче кога мјаука. „Мјау, вјау, a јаа,а,а," — се распозна детски глас.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не постои намера стварноста да се црта уметнички или егзактно, но симболите мораат да бидат доволно јасни и едноставни за веднаш да можат да се распознаат и, по потреба, и да се репродуцираат како дел на излагањето.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
ДОЛУ ГОЛЕМИОТ БРАТ беше испишано преку целата страница, со букви доволно големи за да можат да се распознаат преку собата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Цикличниот тек на историјата сега беше распознатлив, или барем изгледаше така; а ако нешто може да се распознае, може и да се промени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Веќе не можеа да се распознаат на позициите ни востаници, ни Турци.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Местото за годината стоеше, но не можеше ништо да се распознае.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Па и денес местото се вика Велков Гроб, иако денес таму не може да се распознае никаква трага од некаков гроб.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во неа исчезнуваше сѐ, дури и ѕидовите; сега не можеше да се распознае никаков знак ни од прозорецот; во него темничината беше најгуста.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Без скршнување, расцепувајќи ја целината на снегот во една права линија, самјакот ја имаше пренасечено долината, префрлувајќи се од шумата од едната страна на Белата Долина, кон шумата од другата страна, оставајќи ја по себе оваа длабока трага, во која можеа да се распознаат и стапалките на неговите копита, големи колку на јунче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И по тие ружи, што ги надвишуваа тарабите, и од кои некоја секогаш цветаше, можеше да се распознае нивната куќа во секое доба на годината.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)