Вешто се ракува со јазикот на економијата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тој ѝ се приближи и се ракуваа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Типичен апологет е Ристо Шишков, актерот со кој за време животот малку сакале да се ракуваат, после смртта се претвора во апогеј на македонското глумиште за сите времиња.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Двајцата се ракуваа кратко, ладно и формално.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
МИТРЕ: Дал ви господ добро и добро ни дојдовте. (Се ракува).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
АНЃЕЛЕ: Добро дојдовте. (Се ракува и им бацува рака).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Убаво стори, војводо! Убаво! - пелтечи доктор Коста со малку стврднат јазик, го крева шишето што некој му го подава и којзнае по којпат наздравува, поздравува, се ракува, се бакнува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога се ракуваше со Бојан, момченцето од градот стана.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ајде, поздрави се! Бојан се ракува со сите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се ракуваа со Марија. Се разделија. Имаше потреба да се сврти.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
САВЕТКА: Добри луѓе не се сакале... (се ракува). Добре си дошла...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Е тогаш добро си ми дошол во куќава. (Се ракуваат и така држејќи се разговараат).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Изгледаше како еден од оние што ја пеат химната на корпорацијата и плачат, кои бескрајно се ракуваат со барменот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Е бе Марк, Марк. (Пауза) Ајде поздравете се, ракувајте се. (Им ги зема рацете. Им ги става една во друга. Русинот и Американецот се ракуваат.) Така. Секогаш така да правите. А не војни.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тој помина сосема покрај нас. DD ПТ: Дали можеби ве благослови. DD ЕВ: Имам фотографија на која се ракува со Фред Хјуз.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сѐ што ќе буцнеш в земја да ти ботее!“ благослови дедо Владимир и се ракуваа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Па, Даг, ќе се видиме“, ќе речеше тој и ќе се ракувавме. „За околу три месеци?“ „Точно.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Ви благодарам за помошта, докторе. Да се ракуваме.“ „Ќе ми биде мило.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)