И кога ќе имаат свои нации – држави, во немоќта да се раководат, ќе си продолжат да се повикуваат на Божјиот авторитет. Така ги навикнувале туѓинците, со векови!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Солун де факто престанал да биде центар од каде што се раководела Организацијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓутоа, оправдано се поставува прашањето: Дали Гарванов притоа навистина се раководел од интересите на Револуционерната организација или пак тоа го правел од некои поограничени интереси на ЦК, респективно од негови лични?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Речиси сите бизнис- трансакции се раководени со софтверски програми со кои се комуницира преку мониторите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Гемиџиите најдобро ги познавале условите во Македонија и тие од тоа се раководеле.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Поголемиот дел од неа беше здодевна рутина, но вклучуваше исто така и толку тешки и замрсени задачи, што човек можеше да се загуби во нив како во длабочините на некој математички проблем - деликатни парчиња од фалсификат, во кои немаше од што друго да се раководи освен од познавањето на принципите на Ангсоцот и од сопствените претпоставки што е тоа што Партијата сака да го каже.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Без свесно да избереме и без иницијална церемонија, мигриравме од „реалните светови“ на гласови, мануелност, машини, во дигитализираните инфо- светови нарекувани најразлично - киберпростор, хиперпростор или дигитална физика.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)