Супер е сега кога се разубавува времето надвор.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Пријателе, глетка си
пламена далечина ќе бидам
- окото да ми се разубавува
кога ќе те видам.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Е, е... А таа ти е како жените - штом ќе носи плод, се разубавува, со тага и со радост ти ја пои душата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега мајските дни ја запролетија Софија и ја облекуваат во нејзиното зелено и цветно руво и затоа таа пак се разубавува.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
(Девојките до нас нагло се разубавуваат, небаре се на козметичар а не во бар.)
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Таа почна да се разубавува и да се дотерува, градите ѝ станаа бели како млеко, кајмаклијата лице пак се научи да го употребува за изразот на задоволството што го немаше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Меѓу бугарските војници беше дури и пожелно вака да се разубавува животот на француските војници бидејќи тоа докажуваше дека се мекаши и дека печениот бугарски војник ќе победи.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)