Неувидувањето на оваа вистина, е само несакање на противниците на овој реален став, да се соочат со фактот дека судиите непрекинато носат ‘закони’ [читај пресуди] со повратно дејство – оти спорот за кој пресудуваат е настан кој веќе се случил во минатото и којшто подоцна, ретроактивно, се разрешува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според Рајт, еден од главните разлози поради кои Витгенштајн ѝ се опира на интенционалистичката претстава, е тоа што таа ја предизвикува веќе споменатата тешкотија „regressus ad infinitum”; имено, тоа што се мисли дека правилото е „во умот”, не објаснува како се нашло таму, бидејќи проблемите на препознавањето што правилото од некого бара, не се разрешуваат, смета Витгенштајн, со самиот факт што тоа е „во умот”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Според тоа, по двете основи би требало да очекуваме дека доколку навистина имаме работа со следење на правила, оној кој го следи правилото мора, барем во принцип, да биде способен да ги препознае барањата на правилото и да биде свесен дека ги задоволил.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ако одговорот на прашањево е одречен, тоа значи дека егоизмот и идентитетот се разрешуваат во претставата на поединецот што постои само на начин да го порекнува ближниот свој.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Имено, тргнувајќи од премисата дека „општите одредби не ги решаваат поединечните случаи“ тие, се чини со право, судовите ги сфаќаат како практични и искуствени „секундарни законодавци“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А симптоматично е тоа што најголемиот критичар на оваа школа, Р. Дворкин (Ronald M. Dworkin), неа ја сместува во „позитивистичките“ правни школи – што е сосем погрешно, затоа што таа, во својата најдлабока суштина, е јуснатуралистичка, бидејќи алудира на непишаното [етичко/морално/вредносно/природно/вродено] право. 305 го ставаат на значењето што го има креативноста, промисленоста и луцидноста на судиите [elegantia iuris] при толкувањето и креирањето на правото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)