се (зам.) - разотиде (гл.)

Добро е што вели Никола, вели Коте Ризески, да го потпишеме писмото, да се здоговориме за одењето во Прилеп и да се разотидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И децата без збор ја извршија наредбата од својот христијански уќумат. Селаните се разотидоа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас сакам тамо каде ќе речете вие. И тоа за конак. — сполај ви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И југословенските деловници се разотидоа задоволни.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Слушателите се разотидоа, а полицајците како да ја свршија својата работа, само со тоа што се појавија пред говорникот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имаше денови кога ќе се состанеа и веднаш ќе се разотидеа, чесно признавајќи си меѓу себе дека навистина нема што да се работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гостите се разотидоа. Останавме пак сами.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Разволнуван до солзи, дајреџијата сакаше, пред да станат и да се разотидат, да им покаже сега на овие големци дека не му е вечерва нему до пиењето, ни до парите... туку до честа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Другите граѓани уште немаат пристап во плоштадот, додека не се разотидат сите. Дури тогаш оживува вистински плоштадот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ние, децата, израснати, со свои семејства, се разотидовме, секој по својата врвица на животот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се разотиде народот од кај гробот на Сане Сандин, уверен на гласот ангелски, зашто божји знаменија кај него беше видел: сакаш сребрени облаци околу главата, сакаш златна роса врз неговите чевли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Не Цигани, туку рисјани“, се подлути попот. „Дајте ни го мртовецот и да се разотидеме.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сите се разотидоа уште од рано, останав сам и ете, ми било речено со змии борба да водам...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сестрите се разотидоа која наваму, која натаму.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Само, железен - не издржа Николај.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Добро, доста беше, момци - го прекина старецот, станувајќи. -Да се разотидеме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така некако на брзина фрливме шепа земја врз мртовечкиот ковчег и уште не покриен, се разотидовме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Погледнав онаму кон каде што замина толпата, кон самиот плоштад Сан Марко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако толпата се разотиде, полека станав, и ја тресев правта од мојата облека.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потем луѓето се разотидоа - секој по нешто заборавил.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ѕидарите се разотидоа дома на зимување, а градителот ја минуваше зимата во својата колиба од која речиси никаде не излегуваше, а постојано беше свиткан над своите планови и пресметки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И точно сред лето работата беше завршена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Настанала силна врева. Невидено. Се разотишле.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)