Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ако се сетат оттаму да не нападнат, може и да не надвладеат – му кажа поп Јаков на калуѓерот што го интересираше и им се обрна на селаните: – Ајде, браќа, да стануваме и да си се разодиме денеска по гости, повелете и кај мене е денот, па после секој по своите села, збирајте го народот околу себе, вооружувајте што можете што повеќе луѓе; ти Ристе, што повеќе барут подготвувај, а ние ќе вардиме и ќе ви сториме абер, кога ќе притреба да сте готови – а кон калуѓерот: – Ајде, оче дуовниче, повелете вие со света Богородица кај мене на ручек, нека ни е на помош, денеска ни е денот, како што гледаш.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)