се (зам.) - размавта (гл.)

Задишани... зашеметени... стегнати... од страв, да се размавтаат пак со нивната фиксидеја... да го удават пак Куртиал со нивните бескрајни загатки... секогаш и сепак во врска со „соларните мелници“... со соединувањето на „малите испарувања”... со повлекувањето на Андите... со движењето на кометите... сѐ додека остануваше и ронка воздух на дното на необичниот мев... сѐ до последниот трепет на гнасните коскишта... 138 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Долниот крај од антеријата му се размавта и зашушка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Куртиал не беше дебел, туку живо и кусо, набиено човече.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си ги кажуваше самиот годините повеќе пати на ден... Имаше педесет одминато...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Молчи таму... Тфу! - Де, бре, шо си се размавтал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ќе се изнапиеја луѓето, кога ќе се џамосаа и ќе ги изнаредеа сите молитви што во умот им доаѓаа за ајваните, ветеринарот Скрез ќе се размавташе со рацете удирајќи се в гради: „Жими сѐ најмило, жими бикот, до година ќе воведам два празника за ајваните...“ „Три да воведеш... Три...” му велеше Лоте.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Езерото се размавтало и размавало и капки од брановите што си ги кршат главите од бетонот на крајбрежната тераса удираат во прозорците и ни го замаглуваат видикот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)