се (зам.) - разлее (гл.)

Прострев моето под ситниот дождец, за да го ороси, па тие лесни капки се разлеаа по него како ситни солзи , тркалајќи се удолу, покрај носот, ми ја заобиколуваа устата, низ брадата па сѐ до вратот, каде што како река течеа, се слеваа една до друга.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На влезот се разлеа крв прошарана со крувци мозок од истурената глава од кучето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Блажена и горда усмевка му се разлеа на лицето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Радоста што се разлеа по лицата на присутните, предизвикана од силниот грмеж, брзо исчезна кога се доближија до топчето и го видоа надве распукано.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ручекот заврши дури доцна попладне, кога првото свежо планинско ветре се извлече од сенчестите кории и се разлеа по ливадите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Логотетот сосема се беше задлабочил во записот, и одеднаш, ведра сенка му помина на намуртеното чело и се разлеа како озарение по целото лице: „Вадар е вода“, рече и самиот несвесен што рекол.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На околу повеа и се разлеа опојувачки мирис во кој потона воздухот, а ние со затворени очи го вдишувавме до ненаситка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму веќе изгреваше сонцето и над Дреново се разлеа долг автоматски рафал.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во темнината, масата се разлеа и го зафати сиот простор, потече и се згусти во теснината на ходникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Отворените сокови нека се разлеат во живите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се проби јаснозвучен силен глас и весело пеење се разлеа, ја потисна и ја смири викотницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неколкумина се свртеле кон волето во втората запрега чиј стопан останал да гори зад нив во плиток гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Свртен кон неа, со стапалки до распаѓање на колениците стиснати на ѕидот зад мене, ја држев во мрежата на недоспуштените клепки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неделко Шијак последен сфатил. Еднодушната мисла на другите се разлеала по сета негова снага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подава глава; убав прв впечаток, но внатре е потопло...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вознес Вратовите беа испечени Вените исечени Мозоците апстинираа Нозете маршираа; Дојките народни омекнаа, надвиснаа и пресушија, а Млекото отровно се разлеа и крвјоса.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како капка вода да се обиде да пробие од кожата под стаклото на окалките, за да не најде отворена пора и да се разлее полека кон темниот печат на едната страна на врелото лице.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во утробата на Томеица во една милисекунда зовре еден крвоскок кој како да ѝ шикна нагоре низ вратот, директно и тресна во лицето и се разлеа насекаде.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Некаде пред него се разлеа врева од гласови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гласот беше тврд и предивикувачки и можеше во тој час да се разлее во широка смеа - „Јас, на зајак. Избега.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нешто топло и мило му се разлеа во душата и тој се сети на песната: „Зора зори, ден се бели“.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
За миг застанаа на влезот во подземната куќа, сѐ додека дождот не се разлеа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Одеднаш се разлеа самозадоволна лисичја смеа, од која на зајачињата престана да им чука срцето.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се разлеа ѕвонлив девојчински глас и веднаш го прифатија другите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Строј се! - се разлеа неговиот глас. - Така. Една покрај друга... - Долг и крив е стројот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И додека тој ја витка цигарата, се разлеа воздишка - ноќно мечтаење на полна месечина: Дојди ми Магде, твојто бело лице, твојата рамна снага само те Магде мори сонувам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Горко задоволство се разлеа по сето негово тело како жежок отров.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Почувствував како длабоко вдишав воздух, како порите се шират и затвораат, трепнав и солза ми капна од окото. Се разлеа по образот и капна на дланката.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)