СЕДМА ПОЈАВА АРСО И ТЕОДОС
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: (Ја испива со мака криејќи го тоа од Стојанка. Ѝ ја враќа чашата.) Е, ми се разлади душата!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Во зимскиот период и во раната пролет му се лутеше дека е немирно, дрдорливо, летно време го молеше да не пресушува, зашто неговата водичка ја бараат и градината, и дрвцата, и добитокот да се разладат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чичкото шофер се насмевна широко, ја симна шоферската капа од главата, се разлади малку по лицето, мавтајќи ја капата лево-десно и пак си ја качи.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Колоната по патот се зголемуваше со луѓе од другите села и се слушаше сѐ поголем рикот на добитокот и се креваше поголема прашина по патот; колоната често се прекинуваше, застануваа луѓето да се напијат вода на изворите крај патот, да го напојат добитокот и да се одморат, да се разладат од јулската жештина , која потпалувајќи го воздухот, им правеше трептежи пред очите; ставаа на главите лисја од лопушки, гранки, 'ржаница за да ги заштитат главите од сонцето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)