Застануваше и продолжуваше да стои, сѐ додека она во него не се разлабавеше сосема.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Наеднаш сѐ беше станато сосема матно, една матеж, во која тој сега продолжуваше неумоливо да тоне, увиснат, со рацете обесени под себе, исто како некој далечен дел од него да беше отпуштен некаде назад; сега таму беше одврзано она, што досега сѐ уште можело да го држи, тоа сега се разлабави и го занесе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ремените се разлабавија. Винстон се спушти на подот и застана несигурно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Така ќе се разлабават пантликите и ќе се испушти плодот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
за писмата со топли поздрави до неговите родители што живееја на другиот крај на светот и за телефонските извинувања на моите родители во истиот град што не сме ги посетиле на сведен, оти, нели, пак тој морал да се задржи на работа, за левиот чевел од секој пар чевли што се купуваше за помалата ќерка, а кои тепаа на глуждот па требаше да се разлабават кај мајстор Младен, за молерите кои можеа да дојдат само ако е тој на пат оти, се знае, прават страшен неред во куќата и,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)