Оганот се разгоре, а невестата се врати ја кладе тавата та сланината почна да пишти. Не поминаа ни десет петнаесет минути, ете ти една, „чума“ кај Карабуклиови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И само по две, три потфаќања се увери дека под убаво измазнетото сало се кријат силни и итри мускули, и уште повеќе се разгори.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но, невешт во борењето, никако не успеваше да го земе Иса на колк и да го удри од земја, ниту пак да го дофати со десната рака за неговата десна рака, горе над дланката, а со левата за неговата лева нога, долу под глуждот, и да го акне од земја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ариеловото мокрење, на пр., почнува како интересен фројдовски коментар за инфантилните корени на желбата да се разгори бурата, но толку често се повторува што сугерира дека не е ништо повеќе од лична детска потреба на режисерот да го малтретира гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сѐ уште во нашите гради постои жарче кое секој момент може да се разгори.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го запали огнот, почека да се разгори, па закачи на веригата котле со вода.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И бојот навистина се разгоре.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Во ноќта повторно се разгори, пламна козјиот проблем.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дури да се разгори огнот, вели, и буричка во огнот, го сили, го осилува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)