Раскажувајќи се разврескав како бебе. На Влатко му стана смешно, фати да се смее, ме засмеа и мене, па двајцата се смеевме - до пукнување.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се развреска и ’рзна како бесен: - Само таму вам ви е местото! ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Кејтен е мртов! - Кејтен умира! - Кејтен умре! - се разврескаа момчињата, насекаде по домот наеднаш се прошири страшната вест.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Секако дека не може да биде толку добро, тоа вабење, кога на некои им доаѓа и така, што тие тешко се воздржуваат да не се разврескаат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
— Седни, седни тамо, смири се! Шо си се разврескал како будала?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)