Зошто не довлезе внатре? Можеби помисли дека тој ми е мажот Пол со кого се разведов?
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Круме Волнаровски ѝ беше единствениот близок човек на кој можеше да му се довери и да му се предаде целосно, особено во оној дел од денот во кој, откако тој се разведе со Роза, го минуваше во неговиот стан.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Имаше меѓу нас нешто и пред тоа, но вистинските работи почнаа да се случуваат откако тој се разведе, а јас дел од денот минував во неговиот стан.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Совеста ми е чиста. Се фатив со Крумета Волнаровски откако тој се разведе со Роза.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Мозокот и мускулите, градени за долги стази, совршено му функционираа. „Зошто се разведе?“ ја праша еднаш.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И онака, вели, не му е јасно зошто Симон му ги оставил на чување, што ќе му се, кога таа веќе му ги вратила, откога сфатила дека на него не може да се надева, дека тој абер нема да се разведе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Си го одредив полот, вели, и се разведов со мажот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ВЕРА: Би се развела, би се омажила за Ревшин, и, веројатно, веднаш и од него би се развела.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
ВЕРА: Да, знам. Да бев на твоето место, јас одамна ќе се разведев.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ќе се разведе од мене...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Се разведоа ли? - Не веднаш...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тука стои дека вашиот брачен другар бара да се разведе бракот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ако тој се разведе и ја земе за законска жена, - и нејзино.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ми советуваше да ти сугерирам што побрзо да се разведеш.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Можеби заради тоа што му рече дека треба да се разведе од претходната жена.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тогаш доаѓаше Пане Скендеров со неговата поубава половина, Зденка, од која се разведе.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тато постојано ни ја кажува кога ќе се скараат со мама и кога ќе ме чуе дека јас на Бреза ѝ велам: „Да знаеш, ако овие двајца продолжат да се караат можат да се разведат?“
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)