се (зам.) - пушти (гл.)

Војниците ги следеше цело време, па кога виде дека вниманието им е на друга страна, забележа дека не го гледаат, веднаш се сокри зад еден ѕид за миг, а потоа кога се пушти во бегство така брзо колку што го држеа нозете.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тука, на оваа земја, не само наши иселени од Маказар, туку и други, посебно од Егејцко, бидејќи е блиску границата, да си градат куќи, вили, и кога како ќе се може, ако се пушти демократијата во Грцко, да одат во посета на своите огништа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој, иако му се паѓаше некаква улога на предводник и закрилник, не чекаше долго да му ја предаде иницијативата на Ордета, и да се пушти да биде воден од своето крштениче, на кое и без тоа му домачне да го гледа како се тутка и како одвај прозборува по некој збор, со загубен глас, на оние две-три места каде што прашаа за стан.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Се пушти соколот по гулабот, - рече некој внатре и настана смеа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овој сон ми наиде откако ја бев издал онаа избрзана наредба: патот да се пушти во употреба на Први мај !
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изгледа во овој случај некомпетентно се бев впуштил во натпревар со времето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А одговорните за изградбата, бидејќи немале храброст лично да реагираат и да ми укажат на тешкотиите со кои се соочени, го пуштија сонот да ме извести.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги олабавив прстите и се пуштив верувајќи на својата среќа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се пушти глас дека стигнавме во Полска.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вечерта се пушти глас: - Пакувајте се! Заминуваме!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Чу како шушливо му се пушти гласот и млитаво и тапо падна во свеста на Арсо: - ... Смрт со бесење...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А после, ко се пушти одењето на печалба, многумина фатија усвет, заминаа во Америка и во Австралија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога во почетокот на шеесетите години, тогаш се пуштија границите и едночудо наш народ замина на печалба во Европа и низ светот, дознале дека тоа не е така, дека земјата лежи напуштена и неизорана, а дека зградите се уриваат и нема кој да ги поправи, почнале да се подготвуваат за враќање.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оттогаш, од тие одамнешни и недојаснети времиња, во кои и не морало токму вака, како погоре, односно како што било запишано во тефтерот Акиноски, да се случи завојувањето на Потковицата од страна на Турците, од некогашната малечка населба во Дупка останати се уште само неколкуте старовремски куќи, во кои, откако се иселија Аџиоските и Цолеските, едните уште во првата Голема војна во Бугарија, другите сега наскоро, ко се пуштија границите, во Австралија, никој не живее.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Слушајќи тие зборои од чорбаџијата, што му се валел на свето дека му купил џигер, умирал од страм, арно ама беше се ватил на орото и не можел да се пушти.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Е, што е де... сум прднала, ете што! Не знам, може и да ми се пуштило, жив човек си, а и мевот кренат до гуша ми е. Може да ми се украло, некако, јас не чув, ама Јон чул за да ме изеде срамот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На четвртиот ден, утрината се пуштија патроли кон Бугарите. Од по три војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Тражим да се одржи реч наших војника, вели Мирковиќ, и Бугарите да се пуштат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе се пуштија патиштата и народот почна да војва.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оттука не нѐ чуди фактот што евентуалната легализација на марихуаната ужива најширока поддршка, иако некои на тој список би го додале и хероинот. Австралискиот социолог Стивен Магфорд предлага марихуаната јасно да се издвои од кокаинот и хероинот така што би се пуштила во слободна продажба, додека сите други дроги би се продавале врз основа на лиценца.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секоја од овие можности има донекаде различни предности и недостатоци. Најмалку радикален чекор кон ублажување на забраната би било класирањето на дрогите по категории при што би се легализирале најмалку опасните.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Воопшто тоа беше првпат кога децата толку многу се пуштија, заборавија на редот, на правата линија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не ме одврати ни испробаното тврдење дека таму не можеше да се пушти ни игла, а да не се забие во некакво не употребливо нешто.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Процесии, состаноци, воени паради, изложби на восочни фигури, филмски претстави, телекрански програми - сето тоа требаше да се организира; требаше да се подигнат бини, да се направат модели, да се состават пароли, да се напишат песни, да се пуштат гласини, да се фалсификуваат фотографии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
17. СИРОМАВОТ СЕ ФАТИ НА ТАНЕЦ, ТАПАНОТ СЕ СКИНА - се селна, бедниот, се пушти и во себе побара вина.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега само отслужи една обична Златоустова литургија, се назова „Христос воскресе“, се причестија луѓето што ги испостиле седумте недели страшните пости, му дадоа по едно јајце на попот за „божиот дар“ што го примија од него и црквата се пушти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се пуштиле стројници на сите страни. Некои стигнале до морето, други дури до северната граница на земјата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Откога се извишиле до облаци, беа му се пуштиле за кон кај нас да си идат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Одејќи околу трло, го догледала кучка Лиса и му се пуштила молкома, та го фатила за опашка.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да се пушти сосем малку на улица, на пример...? Ммм, како би било тоа?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Си видел говедо, коњ, магаре или некој друг ајван да се насмее?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дури чорбаџи Теодос се пушти малку!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ама сега Тефик нашнал. Им се пуштил на Петрета Даскалот и дедо попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тогаш јас им го фрлив чукалото колку што можев подалеку и тие му се пуштија.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Братучедите сепак ја отворија портата и тогаш кучињата им се пуштија на месо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тито ги батали задругите, почна да се зборува за економски реформи, за слободен пазар, се пушти приватниот сектор да подприкрене глава, дојдоа нови луѓе, помлади, кои беа исто толку ако не и полоши комунисти, ама беа донесени на власт да не можат некако тие да го прочистат заднатиот социјалистичкиот оџак за подобро да трга.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги тресеме вилиците и си укаме во рацете, си дуваме да ни се пуштат прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти не се кажувате, велам и се пуштив кон Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И мажите се пуштија кај мене, што се вели, ме заробија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се помислив, помислив, и се пуштив да ја бранам, да ја откинувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после, наеднаш, се пуштив да ги прегрнувам жените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мораш да ги удираш за да се пуштат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И се изврев некако од под труповите и крвта ми се пушти во жилите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеме да се пуштиме со Манол Форевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По сите жили ме жулат дури да ми се пушти крвта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некаде квечерина, се пушти глас дека пак ќе нѐ слезат да чекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега јас со сите се прегрнувам, а со Никифор Абазовски не можам да се пуштам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе им кажеме кои сме и што сме и ќе се пуштат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Детето ме гледа и само ја стега раката од жената, не сака да се пушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ајде дојади ја манџата, му вели Никифор Абазовски, да се пушти чинијата, да се ослободи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас се пуштив удолу, не го чекам лифтот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можевме да се пуштиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)