се (зам.) - прошири (гл.)

Се бараа брзи инструкции, пред да се прошири оваа „бела револуција”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вечерта татко ми, со двајцата постари браќа појде до најблиските семејства, па веста и планот за акцијата се проширија веднаш низ Козар маало, сето готово да се жртвува за Чанга, за козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се проширија мотивите за потрагата по Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Задржаните ги притиснаа пак во еден ќош, а пред нив горе-долу по дворот шеткаше стражар на голем коњ, управувајќи го понекогаш и накај групата, кога му се чинеше дека оваа се проширила на повеќе простор одошто ѝ се полага.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дури кога со кожата од волчицата исполнета со слама тргнал од село до село да собира дарови, луѓето виделе со какво ѕвериште успеал да се пресмета Димитар Волчарот, па гласот за него се проширил и по селата зад планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Покрај фактот што ефектите се сѐ друго освен мирољубиви, дрогата се проширила експлозивно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа, Јовановото враќање во Потковицата, надалеку го потврди верувањето во маѓосничката и претскажувачка моќ на Руса, но за него, за Јована, се проширија гласови дека во меѓувреме со померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Значи да повторам, без некое чувство на вина: јас во повеќе куси мигови имам дружено со привидите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност ме водеше помислата дека треба да го развиваме во нас она чувство кое ќе ни овозможи да ја уриваме оградата од грдите правила и рецепти, но притоа да не дозволиме да нѐ раководи желбата за напуштањето на оградениот простор туку со нашето однесување да овозможиме тој простор да се проширува и облагородува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зениците на мачорот се проширија, а неговите жолтозелени очи зачудувачки зјапаа во четирите раскрвавени и откинати шии на пилињата, што беа крај мрежата на кокошарникот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Организираното истражување, создавање и испитување на можностите и дометите на оваа своевидна деструкција на традиционалната линеарна литература во пракса е започнато на Браун универзитетот, а напоредно се прошири и на голем број универзитети во светот, во рамките на наставата за книжевност и креативно пишување.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Младите умови изложени на слободното ширење на електронските информации одеднаш расцветуваат како цветови во пролет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Идејата на индивидуалност што во шеесеттите ги зарази Американците дефинитивно се прошири низ светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во седумдесеттите, Др. Споук-МекЛуан-епидемијата се прошири низ западна Европа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знаците на овој тип на освестување секогаш се исти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова е почеток на кус расказ напишан од опитна рака, со ниет да се продолжи, да се прошири“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да се одредуваат исти казни за овие две групи, вели тој, би значело мешање на две потполно различни работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ваквиот пристап би понудил можности во понатамошното истражување таа политика значително да се прошири. Итан Неделман (Ethan Nedelman), професор на политички науки на Факултетот „Вудроу Вилсон“ (Woodrow Wilson) во Принстон (Princeton), предлага постепен пресврт кон легализација „кој би започнал со легализацијата на марихуаната, за да може да се запре, преиспита и пренасочи политиката во врска со дрогите која станува прескапа или контрапродуктивна”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Кејтен е мртов! - Кејтен умира! - Кејтен умре! - се разврескаа момчињата, насекаде по домот наеднаш се прошири страшната вест.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повторно имаше бесни демонстрации, фигурите со ликот на Голдштајн беа спалувани, стотици постери на евразискиот војник беа искинати и фрлени во пламенот, а голем број продавници беа ограбени во безредието; тогаш се прошири глас дека шпиони управувааат со бомбите, со помош на радио бранови, и толпата ја запали куќата на една постара брачна двојка за која се сомневаше дека е од странско потекло, па двајцата умреа од задушување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Патот се прошири и за една минута Винстон стигна до изгазената патека за која му зборуваше девојката, една обична добиточна патека што се губеше меѓу шибјето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во моментов не е можно ништо друго, освен малку да се проширува просторот на нормалното.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
 4 Со измените на одредбите кои ја регулираат наведената материја се прошири опфатот на одговорност за неизвршување судска одлука за враќање работник на работа и се внесоа некои технички подобрувања, коишто имаат за цел поефикасно спроведување на судските одлуки во овој домен.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И дури Бино сакаше да си ги подели со протата и другите даскали, некои сакаа да се прошири пансионот, некои да се вратат на митрополијата. Не се сложија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Преку четите омразата се прошири кај првите луѓе од народот — даскалите и поповите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Роден во Мека и Медина, исламот се прошири до Вавилонија на исток, до Алжир и Тунис на запад, па дури и до Виена на север.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И уште кога завивањето ќе се прошири од ќерка на мајка, па како зараза ќе премине на тетка, вујна, золва, балдска, јатрва, баба и внука... отиде јабана сиот лицемерен малограѓански морал, паѓа моментално сета ригидна патријахалност, пука по рабови цела феудална нетолеранција, тоне туто-комплето конзервативната Америка "ко метак надоле", што би рекол чичко Фазли!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Јас сум Таа. Почивам скрснозе а колковите ми надтежнале од животворност и се прошириле толку многу што се одделиле од мене и веќе не се само мои и не се само тука.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
По нивното заминување дворчето се прошири, се направи место и за Мурџо кој слободно се појави од зад куќи вртејќи со опашката и поздравувајќи се со Деспина и Роса со душкање за на крајот да се примири крај Пела дозволувајќи ѝ што сака да прави со него.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го наполнив стомакот онолку до колку можеше да ми се прошири, но тетка ми ненаситно продолжуваше да ми ја пренатрупува чинијата со уште месо и уште компири: - Ништо не јадеш! - ме убедуваше таа, иако веќе едвај имав сила да џвакам, - на што личи ова, па не се срами! - ме силеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)