Во станот во Њујорк Јоже често идел да биде близу до другар му Фидел да пафкаат пури со американки а потоа в Белград со млади комуњарки Јоже се прочу ко курвар, пробисвет бркал и црнки од третиот свет на кенијка млада ѝ посеа семе се роди ново кумровачко племе
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Еден ден се прочул муабет низ селото од Мино: Сите невести беа мои, само Ленка не.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Од време навреме скокаа во место цепејки го небото со вресок својствен само на нив, болно плачеа коњски, а пискотот нивни се прочу низ коријата, одекнуваше од околните ридови и повторно се гушеше некаде длабоко во нивните коњски срца.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Пред неумоливата, татковинска вистина, која инаку, е општо позната, макар што тоа сѐ уште никој не го знае, бидејќи сѐ уште не се прочуло, Енценсбергер потполно занеме; делува како залутан молекул на една непријателска територија, која Србите секој момент ќе ја освојат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Чувствуваме страстно задоволство, специфично локална наслада, додека пред нас се одигруваат колективни ритуали на транспаренција.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Се прочу глас дека е жива, дека била трудна, дека сама без помош се породила.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се прочу глас дека преминала, дека е упокоена, друг глас велеше дека е болна, трет глас дека некој ја силувал и ја претепал, па таа лежела во постела болна, искршена.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Е па, кардаш, затоа те викав. Си се прочул со своите мелеми за изгорено.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А оној тогаш се прочу. Раскажуваа дека напредувал.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во тоа време Јосе Натемагото се прочу во селото како гледач.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Потоа се случило: во пештерата, без знак на човечки дом и без сведок на страшниот настан, пред планината да ја покрие зимска лутина, на изгниено сено останала грубо одрана кожа и големи изглодани коски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се прочуло: џинот од Кукулино бил виден со крвава брада и со конци пресно месо меѓу забите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа беше Мексиканка на дваесет и седум години, згодна, сериозна, а нејзиното актерско име пред неколку години се прочу низ поголемите театри.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во Цариград тогаш живееше еден Италијанец, градител, кој изградил неколку мостови близу Цариград и по нив тој се прочул.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- „Нема проблем“ -му рече Марија. „- Единственото што ми треба е телефон.“ Тоа беше точно, а ѝ требаше само за да го предупреди сопругот дека нема да стигне навреме.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)