За сето време додека чекореше меѓу дрвјата тој веќе ниеднаш го немаше во себе она подмолно, проклето и застојано чувство од сите поминати денови за себе си сосема сам; постојано беше со оној напред; тоа сигурно и неотуѓиво му го носеше сето тоа време оваа крвава трага, што се протегнуваше меѓу нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во пролет и во есен доловите и ендеците се поројни, преку зима замрзнати, а налето само тенка водна нишка, која никогаш не стигнува и да пресуши, се протегнува низ нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се спушта во малечка заветрина, Јасики, и искачувајќи се по јужните падини на Зајачки Рид испливува горе на ридот и по него се протегнува сѐ до Алилово, односно сѐ до крајот на источниот лак на Потковицата, односно сѐ до конечниот крај на целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
КЕВА: Се протегнува? НАЦА: Се прозева! КЕВА: Се прозева? НАЦА: Се разбудил! КЕВА: Се разбудил?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТОМЧЕ: А јас ќе дојдам попосле, додека... (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Помеѓу нив се протегнуваше невидлива оска и тие се зацврстуваа на двата краја на оската, за да ја зачуваат рамнотежата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Будимпешта, низ која тече Дунав, е посебно доживување за оној што овде првпат ги доловува нејзините силуети и сиот град, кој се протегнувал на близу четириесеттина километри.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)