се (зам.) - прости (гл.)

До гледање во Скопје, Кире! - се простив од карикатуристот од Монмартр.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се прости веќе од сништата на младоста, но не може уште да се помири со едно: дека го градел својот живот на погрешна основа и дека она, во кое ја подозирал својата исклучива талентираност, се исцрпило со најпросечен домет што дури и не се повторува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Па дури да се простат со посестримките. Не му се оставаат аловите прегачи и чорапи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од височинката, каде што се прости со Денко и доктор Коста, убаво се гледаше наоколу, и денот беше од убав преубав, небото сино како синчец, сонцето жолто како качунка, миризби како да е сред мајска покосена ливада, а сето тоа тој ниту го гледа, ниту го чувствува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Светот се прости од мојата милост. Голијат и без борба со Давид, торбоносец стана. Самсон без коса и очи.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Всушност, тоа беше атак на концептот според кој на црнечката историја би требало да ѝ се прости и да се заборави.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можеби по линијата на ридот мина мал облак или кадра на зимска магла што до овој ден се притајувала во некоја камена пукнатина колку за да се прости само од некој свој заложник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога мислам на тоа утро, ми се чини дека во црнкиве мои сѐ уште нечујно се движи намален коњ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не исправајќи се, избезумен од надеж дека го дочекал мигот во кој ќе се прости од маките, голиот поп без двоумење покажа со рака кон домаќинот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бегот со гнасење се потргна од квичавото старче со крваво лице и сепак, во двоумење дали да го удри или да го заборави, го праша нешто на турски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кога кловнот ќе престане да биде смешен, треба да се прости со животот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Си украл, му рекоа. Покорно ги подаде рацете кон нивните челични лисици и појде барајќи ги моите очи да се прости од мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога кловнот ќе престане да биде смешен, треба да се прости со животот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така требало да биде. И така треба да се простиме.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Запираа на раскрсниците, чешмите, мостињата на реката и на сите поважни места каде што врвел да се прости од нив и го однесоа на гробиштата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Седна на креветот и се прости со белината на ѕидовите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со неколку куршуми во себе, пред сосема да се прости од метежот на тоа споулавено човечко судрување, Питу Гули го видел над себе коњот со вулканска ноздри. Се насмевнал, белината на неговите заби била покриена со крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Двапата да умираш еден таст човек, — тоа поќе не може да се прости.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И се наредија да се простат прво со Трајчета, ама овој уште бегот кога му подаде рака рече оти ќе ги испрати до порта, та сите се поздравија со Ристета за да дојдат на ред со Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Зар може да ѝ се прости на мајката на Исус Христос што дозволи на својот голем ден да се случи толкаво големо зло за да завие цело едно село во црно?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така се простив со убавата Софија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука се простив и со Наталија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете, дојде часот да се простиме со животот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не ми се лути нешто, си велам и се вратив да ги побарам, да се простам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога убаво израсна и мустаќот горделиво го пушти, а мајка му и татко му веќе беа се простиле пред бога, го пратија и на панаѓурот во Скопје.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ем тебе душата да ти се смири, ем нему гревот да му се прости и децата да не ти останат без татко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе го наговориш мажот ти да направи дарение на манастирот, та така гревовите да му се простат.“ Тодора ги избечи очите: „Дарение!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакав само фино да си поразговараме, во четири очи да ги расчистиме сметките после минатогодишното телефонско раскинување. Потоа да се простиме пријателски и засекогаш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мака му беше да се прости со една ваква волшебна моќ, но истовремено сакаше да има и обични раце, па реши, откако поразмисли малку, да се послужи со итрина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)