се (зам.) - пропише (гл.)

Негативните промени кои настанаа со донесувањето на овој закон се следните: се пропиша престанок на работниот однос на вработените штом влезе во сила договорот за продажба на претпријатието со општествен капитал.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
ПАРАСКЕВА: Добро утро. (Пауза) Добро утро, Кристiна. (Пауза) Кристина? (Пауза) Цела ноќ, голта апчиња, БОЖО: Не смееш да земеш повеќе одошто ни се пропишани.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Во Одлуката за вонредни мерки на Градското собрание се пропишани три степени за заштита: прв степен - предупредување и давање препораки; втор степен: ограничување на видови горива и на дел од сообраќајот; трет степен на вонредни мерки се темели врз забрана на користење горива, затворање на одредени индустриски погони, топлани, забрана на сообраќај.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Впрочем некој ако држи в рака покана, тогаш тој се здобил со правата што во неа се пропишани.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)