се (зам.) - произнесува (гл.)

Ама добро, побогу брате, до кога јас ќе се произнесувам по прашањето на тоа питање? Па, јас за таа работа не знаев до 1955!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Би било интересно во рамките на ова тврдење да се компарираат видувањата за гласовите, барем за оние гласови, за кои и Рембо и Хелбников и Маркус се произнесуваат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Со години не се произнесував во јавноста за мојата мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да остануваше палестинската судбина, мое приватно прашање, бев исклучен засекогаш од официјалната надворешно политичка орбита на земјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но затоа Светосавското друштво за таа половина година направи доста шум: во неа, освен науките, имаше и воена гимнастика и маршеви на учениците со музика по Белград и неговата околина и патување во летото по Србија, каде што се произнесуваа громки здравици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)