се (зам.) - пробива (гл.)

1864 година Се зададе облакот а заедно со него и Петар. Тој се пробиваше низ маглата, спуштена над селото, која наликуваше на облак и создаваше слика дека селото е завиткано во облак, или се наоѓа во облаци како некое идилично рајско место. Место кое паднало до рајот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Први низ него се пробиваа старите пајтони донесени уште од почетокот на векот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бледа светлина го означи хоризонтот. Сонцето тешко се пробиваше. – Сонцето изгрева, сонцето изгрева, – повторуваа козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Низ малите железни решетки одвај се пробиваше малечко снопче сончева светлина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тоа го збунува новодојдениот, особено ако првпат се пробива со кола низ овој густ шпалир од коли...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Никогаш така не сум трчал по угорница: зазбивано и молневито се пробивав низ калливи трапишта придржувајќи се со рацете за шибјето отстрана.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Прво па машко си вели поп Данаил Москополчанин и цврсто ја стиска под мишки книгата во која што и љубовта и татковината четиријазично се пробиваат низ светската заматеност и одважно влегуваат во историјата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Охридскиот сакеларија Стефан таму им се радува на светулките кои ги галат сновиденијата на мајчин јазик пред да се слеат во изгрејсонцата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мартинките на двајцата светеа на утрешното сонце кое тукушто се пробиваше преку гранките на борјето и ја гонеше седата покривка од нивните „коси".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се пробиваше, со својата диплома, низ кревките државни институции во кои сѐ уште преовладуваше инерцијата на отоманскиот менталитет, колку и да беше силен отпорот кон него.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога се пробиваш низ шума од каприци и пакости, кога те дебне дива и груба похота!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Далеку од селото, под оскорушата, низ гранките на која се пробиваа јадрите капки вода - се проштаваше Веле со мајка си, вдовицата Кита.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На источниот ѕид од колибата беше мало прозорче, со заматено стакло, низ кое одвај се пробиваше дневната светлина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Внимателно се обиде да ја размрда ногата надевајќи се дека нешто му е изместено, но сепак, при секое подмрднување, болката никнуваше длабоко во ципата и како врел ражен се пробиваше до над коленото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И самиот тој во некогашниот живот беше негов лут противник – железен човек со челична маска место лице, низ која се пробиваше ’ржењето на разбеснетиот волк.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Возот како стрела на дајл-ап се пробива низ темното, и конечно излегува на чистина.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Има некоја меланхолија во тоа да се пробиваш низ гужвата на улица Македонија слушајќи го Џони Кеш O Death, where is thy sting?, и да шеташ по неа на 1. јануари, кога на неа нема живо пиле.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Некаде далеку угоре по долината, кога неговата разоденост беше престорена во една свикнатост, од која му беше топло и пријатно во секое делче од неговото тело тој, сосема мирно, продолжувајќи без тешкотии да се пробива, почна еден обичен, тих разговор со оној свој самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се пробиваше постанато по неговата дира, влечејќи ја по себе едната задна нога, како уште една сува, прекршена опашка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Низ сивата мугра се пробиваше сноп на страмежливи сончеви зраци, правејќи место за топлите кои доаѓаа по нив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Арсо се пробиваше, ги вкрстуваше своите чекори со многуте чекори на другите и чувствуваше и му се чинеше дека тоа се многу чекори на неговите сопствени нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Павле се затајува, па вели: - Запри, добога, карпата си е карпа. Со глава не се пробива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Околу него се движеше и трепереше долга поворка - нечујна, разбранета и жестока во својата притаеност; се свлекла од ѕидиштата да се врти в круг како сиво проклетство, колона во која несигурно се претчувствува нишање на румени женски колкови и студена вкочанетост на ликови готови да обвинуваат за грев, сега кога тој, гревот, надоаѓаше со навев и се пробиваше низ многуте канали на свеста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зад Тврдината преку реката се пробиваа првите сончеви зраци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше убав глас, продорен баритон, кој се пробиваше низ старата беговска куќа, ја исполнуваше со неговата надеж.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нѐ удираше црн дожд, нѐ убиваше силно сонце, се пробивавме низ најстрашна снежна фортуна, не, ништо не можеше да нѐ врати од тој пат, да нѐ оддели од тој човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Измореноста се пробиваше низ неговата кожа и пушташе непријатни мириси од време на време и секогаш кога му се чинеше дека ја гледа како се лизга оддалеку, танка, нечујна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Наскоро се пробивав низ толпа испотени луѓе.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сакаат самостојно да се пробиваат низ животот, и во тоа речиси секогаш ги следи среќа. Друго што?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Одлучи цврсто кон што се пробиваш Напати потклекнуваш и на најмали провокации И ако во вистинско време не лобираш
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Одонде, од кај брлогот на бабата Петра, на Чана и Добра се крена една сенка и внимавајќи да не стапне врз некого, се пробиваше на кај влезот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Низ дворот црковен луѓето тешко се пробиваат до црквата, особено оние што зад себе влечат добиток за да го подарат; калуѓерите одат пред нив, се пробиваат низ настисканиот народ и им прават пат; пред секој што носи дар, зурлите одат напред, свират, а дарителот по нив; свртуваат по три пати околу црквата со добитокот и потоа им го предаваат на калуѓерите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со мака се пробиваа и жените со новородените деца за да ги крстат во црквата и за да им го дадат името на светецот - Наум.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И префлајќи ја војничката торба преку рамо, појде пред него нишајќи се со широките плешки како да се пробива низ сплет од гранки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потта им се пробиваше од под пазувите, а прстите и дланките со кои ги држеа пиштолите веќе им беа мокри.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Татко ми е сиромав, самарџија... Најпосле јас имам под ноктите црно, кал... (Задржуваниот плач се пробива со придушено липање.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СТОЈАНКА: Сум чула од татко ти. Вчера му зборувал на еден татков пријател, а тој му кажал на татко ми.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Еден ден додека се печеше на сонцето потпрен со грбот на колипката и дремеше, чу плискање на весла и доаѓање на чун; потоа виде како низ трските се пробива кон него некаква жена облечена во црно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Момчето беше голем уметник, способен постојано да измислува нови комбинации и специјални климакси, а некои беа „ноти“ од сферата на Непознатото, со паузи, привидни дисонанци, ноти кои ненадејно се пробиваа една со друга и прскаа заедно, со вчудоневидувачки, врел и сладок удар. (...) Аракнид, шоферот на Ендрју Кеиф е единствен домородец во Интерзона кој не е ниту педер ниту бузерант.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Па и не е сѐ така како што вели брат ми. Ако е прво роден! Ама ЈАС со женска итрина и шарм се пробивам пред него!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се пробиваат под високите намети, повисоките удираат со главите и врз нив се растураат купишта снег.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Автомобилот тешко се пробиваше кон стрмата угорнина низ кривулестиот пат кој бил трасиран уште во времето на италијанската окупација со крајна цел во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го држам на калач детето и се пробивам низ подземниот тунел кон перонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)