251 По неуспешните обиди, преку манипулации, лажни ветувања и заплашувања, да го скрши штрајкот, но и по добивањето медиумски публицитет на случајот од неколку локални и национални весници, радија и телевизии – Владата на РМ реши да го раскине договорот за приватизација на оваа компанија, склучен со австрискиот инвеститор [кого и кривично го гонеше и за кого распиша меѓународна потерница] 3 – поради последователно неуплаќање на повеќе рати од истиот и непочитување на предвидената динамика за инвестирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Фабриката беше дадена на јавен тендер, на којшто – преку новоформирана фирма, основана на име на неговиот внук, се пријави еден познат македонски капиталист – олигарх од Скопје со политички амбиции, кој е меѓу најбогатите луѓе кај нас (Т.К.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, овие луѓе на кои им дојде „нож до коска“ од долгогодишните шефовски лаги и глумења, беа подготвени на ваков пресметан ризик уште од почетокот на борбата, па останаа упорни и солидарни во заедничката битка – и воопшто не се плашеа од негативните консеквенци и реперкусиите кои следуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Така стана и со мене, а кривицата за тоа ја носам само јас, зашто цел месец од ден на ден се ломев дали да се пријавам за тие чевли.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Одеднаш ми дојде и јас да се пријавам за нешто, па без да размислам се пријавив за трчање на 60 метри.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Наставникот по фискултура објави дека ќе има натпревари.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Откако се пријавив ме фати некаков чуден страв - или подобро да речам - некаква возбуда при помислата: Што ќе биде ако другарите ми се смеат...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Слушајте, имам еден френд, Србин, кој се пријави како Циган.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Четири дена немавме никаков контакт, и сега јас ја избегнував, затоа што сакав да ѝ ставам на знаење дека сум лут; го избегнував и Земанека, затоа што и тој, на еден сосема извесен начин, ме изневери, оти се пријави да пее народна песна, а не предложи, на пример, да изведеме и една џез композиција, јас, тој и контрабасистот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ја зеде мојата рака меѓу своите раце.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Војниците бараа некој од возрасните да оди со нив. Се пријавив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но тогаш тој, гробарот, ќе мораше да се пријави како технолошки вишок, и да си ја погребе сопствената идина.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
„Каде работиш?“ „Никаде“, му одговарам како од пушка, и веќе не сум исправена, се подвиткувам и се трудам да заличам на некој кој секој први во месецот оди на завод да се пријави, а не морам - и онака по влечките веќе ме изжали човекот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тоа требаше дополнително да се разгледа: Единствената мирољубива опција - пријавувањето на проблемите на соодветен општествен орган - отпаѓаше во старт, затоа што требаше да се пријавува кај самата мета...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Потоа се пријавив кај комесарот и му кажав дека јас ја прекинав колоната, тој најде една олеснителна околност: Ти си добар борец, Милке, за тебе тоа не важи.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
9 Јавни работи Во врска со ангажирањето на невработените лица при изведувањето на јавни работи погоре веќе беше спомнато дека одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи доведува до престанок на водењето евиденција за дотичното невработеното лице и негово бришење од евиденцијата на невработените лица, при што тоа може повторно да се пријави во Агенцијата за вработување по истекот на една година (чл. 9 и 10, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За издвојување се: прво, зголемувањето на минималната казна за работодавецот од околу 400 на 2.000 евра во денарска противвредност ако не ги води или неуредно ја води евиденцијата за вработените работници, за потребата од работници, за платите, за повредите при работа, за штрајкови организирани кај работодавецот и евиденцијата за корисниците на права од инвалидското осигурување (чл. 4); второ, зголемувањето на казната за истиот прекршок за директорот, односно друго одговорно лице кај работодавецот од околу 80 до 800 евра на 1.000 до 5.000 евра (чл. 4) и, трето, зголемувањето на казната од околу 30 до 300 евра на 200 до 500 евра за работниците кои 1. Закон за евиденциите од областа на трудот, Сл. весник на РМ, 16/04. 2. Закон за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на трудот, Сл. весник на РМ, 102/08. 190 нема да пријават промена на податоците запишани во евиденцијата за вработените работници, односно за невработени лица, ако се невработени, ако даваат неточни податоци или ако заминат на работа во странство, односно се вратат од работа во странство, а во пропишаниот рок нема да се пријават во Агенцијата за вработување (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Формулирани на ваков начин, одредбите само ја зголемија анксиозноста на кандидатите кои се пријавиле на оглас за конкретно работно место.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тука Сефедин се пријави на пристанишната управа и објасни каде оди и со колку луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Го најде и се пријави, но му кажаа дека стариот султан умре уште пред два месеца, а новиот отиде на боиштето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На брегот на Босфорот им се пријави на гемиџиите и тие го пренесоа на другата страна; се распрашаа и го најде царскиот сарај.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој ја свртил главата и рекол, госпоѓо, јас Ве сакам повеќе од својот живот, но помалку од својата чест, станал и се пријавил во војска.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Следеше второ непријатно изненадување: наместо музиката со која се пријави на аудицијата, слушна само длабоки удари на тапани во некој сложен, нему непознат ритам.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне. – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Кога се вратив во селото него не го најдов, во меѓувреме самиот му судел на агрономот и му пресудил со пиштол и како што му пресудил со сѐ топол пиштол се пријавил во полицијата. Пресуда - долги години затвор.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ќе одам да ѝ се пријавам на власта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А кога дојде генералот5 во Софија, вели, не знаевме кој побргу да се пријави за на Солун.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се вративме во фабриката и Оливера Поточка се пријави за ковач.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)