Тогаш срнчето скокнуваше како бесно во длабокиот снег и запливуваше по него, сѐ дури не се запреташе на некое место и не папсаше од сите тие свои бесмислени скокови, или додека не се притиснеше до некое стебло, речиси исчезнувајќи пред неговиот поглед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
— Но кога Толе се приближи да фати рака и направи здраво живо, секој од присутните гледаше да биде поназад, мислејќи дека со тоа ќе му биде утре полесно наказанието од агите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еден поглед назад, пред да се притисне кваката. Не, не остана ништо повеќе.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Од десетина дваесет чекори и Гуцето, како Митрета викна да не се плашат селаните од настанов, а веќе и Толе приближи до купот луѓе, кои инстиктивно се притиснаа еден до друг.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)