Или можеби сега така ѝ се присторуваше, премногу заслушана.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И пак и одново му се присторува дека некој таинствен глас на разумот, совеста и осудата допира до него некаде од срцевината на дебелите и многувековни дабови што растат на оброчиштето одспротива и го прашува: ЗОШТО!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И му се присторува само сенката на убавата жена Некогаш што си потпевнуваше во дворот Тој дури ги окопуваше овошките.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Поначесто, ноќум Сликарот слушаше придушен плач и детски гласови кои доаѓаа од горните простории: „Ми се присторува“, си велеше, се утешуваше и продолжуваше, сиреч, секоја ноќ, секоја полноќ.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Таа многу често си го гледала синот (може ѝ се присторувало), како надлетува над манастирот, прелетува над нејзината глава и како нешто ѝ говори, ѝ довикува, но зборовите не можела да ги разбере, заради тупотот на нејзиното нажалено срце.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Светла како бел бигор, а мека и нежна како мирис од мошус и амбра, Калија, со збор што беше певлив и пријатен, чиниш по неговите синии бесшумно се тркалаше и ги мазнеше, ги мазнеше - така му се присторуваше на нејзиниот Марко, кога ќе почнеше да ги светнува дали синиите, дали ибриците, свеќниците, дали каделниците, ѓумовите, котлите, араниите, тавите, фенерите или леѓените.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На сите веќе по нешто ни се присторува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми иде од некаде, ми се присторува дека иде и пушта рака: ме трга да не настинам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Баба ми оди да ме напрска со некоја вода за да оздравам. * Сум преспала и потоа не ми се присторуваше веќе така.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Настапи тишина од која на човека му се присторува дека ќе потоне којзнае во каква бездна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)