се (зам.) - пристигне (гл.)

Не можам да ти одговорам. Толку патишта има за да се пристигне до овој град.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Особено е лошо, ако во унгарската метропола се пристигне ноќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И, без најавување и резервација, не смее да се пристигне во Будимпешта, освен ако се оди на гости кај некој пријател.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, по разговорите на членовите на мисијата им станало сосема јасно дека било невозможно да се пристигне во Бугарија “според претходно разработена маршрута од Прилеп за Горна Џумаја.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)