Постојат два вида љубов – една што се дава, друга што се прима.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Депресиво манијао“, со објаснување дека истата настанува како последица на недостаток на литиум во крвта, а кој мора по секоја цена да се прима секојдневно до крајот на животот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не сакаше да се помири со тоа дека во животот постојат и закони и сили кои можеби не се праведни, но тие се тука, и треба да се примаат како факти; како што се прима фактот дека денес, наместо сончево, времето е – облачно, господин судија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Отпрвин како лага, пуштена и ширена од пакосници, недоверливо се прима од луѓето во градот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А пак има луѓе кои ни од блиските не се примани како што треба, но можат да трпат и истрпуваат. И да молчат. Како мене.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Осетив како ми се фаќа месото меѓу конците, се прима.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И ако во сиот тој метеж некој се заложи да помогне, таа помош не се прима добронамерно. Напротив. Сомничаво се одбива.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Зборот на партискиот секретар, на политичкиот комесар беа зборови на партијата. Беа свети. Се примаа и се прифаќаа без поговор.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Како што може да се види од Табелата 1, освен кај лицата со стаж на осигурување од најмалку 9 месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци и кај оние со стаж на осигурување од 7 до 10 години, кај сите останати категории дојде до намалување на времето за кое се прима паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Не ми се прима ни миризбата на нејзината женска пот, вели, на нејзината кожа, на нејзината плот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не се прима со основата, вели. Се чудам што е ова, вели, го врзувам песијазол јатокот, го провирам и пак не оди.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
ЧЕТИРИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ (СВЕТЛИ) КУЛТУРИ И КОНТРАКУЛТУРИ
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во информатичкиот период, еволуцијата е дефинирана во термини на мозочната моќ. • Способност да се управува мозокот: да се активираат, унапредат, вклучат, досегнат невроканалите; • Способност да се реформатираат и ре-едитираат мисловните фајлови; • Способност да се примаат, процесираат, испратат пораки со брзина на светлината. • Способност да се комуницира во мултимедијален мод; да се создадат аудиографски речници и граматики.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)