се (зам.) - придружува (гл.)

Иако светската изложба е замислена како место на кое на секој чекор и во секој експонат треба да се согледа современата човечка култура, цивилизација, наука и технка, многу од приредувачите намерно не се придружувале кон овој принцип, настојувајќи што повеќе да внесат и од она што може да се види и доживее на секој обичен панаѓур.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И сега, гледаш, си го наметнал зимското излитено палто, го придржува повеќе на едната раменица, и некако неусетно, како сенка, им се придружува, а женското друштво го прима.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За жал, кон македонските националисти во последно време почнаа да се придружуваат и луѓето на Организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но тоа име го искажуваше презирот на Грците, а не и достоинства на Бугарите, затоа се придружуваше со зборот тврдоглави или „хондрокефалос”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На орлиштата им се придружувале мравки и лакоми стаорци а тревата, изгорена од крв, се сушела: се бијат Карпошовата војска и Паромоновите ајдути со јаничарите и со аскерот, колат и паѓаат заклани, се крши железо, пукаат черупки, се множат купови мртви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му се придружувале на отпорот против пребогатиот Али-бег.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оддалеку, од Српско и од Влашко, од Бугарско и од Латинско, доаѓале во вилаетов голошии орлишта да се налапаат мртво крстено и некрстено месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но животот се движел по линијата на својот пат и по осудувањето над човечки век на преживеаните од дружината: пред првите есенски дождови, по незапомнетите суши и страдања во илјада осумстотини триесет и петтото лето, според календарот на христијаните, за сите седумдесет и шест куќи во Кукулино ја ткаеле својата камена песна над пените на плитката Давидица дванаесет воденици, ноќе и дење, потоа, и од другите села да почнат да им доаѓаат тврдоглави луѓе какви што се раѓале под црногорицата носејќи на магариња или планински коњчиња пченица и 'рж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Понекогаш и ситната Душка, со прекарот Биберче, им се придружуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега да почнеме со лебот и сирењето. Арсо, со незадржливиот нагон на гладно животно, откина јадар залак. Другите веднаш му се придружуваат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не можам сепак да не забележам како оние што ги величаат овие поглавја повторно величаат само една алка сред романсиерската традиција, во внатрешноста на познатото и правоверно подрачје.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Психолошкото значење на боите Јунг го објаснува на следниов начин: “...за време на асимилирањето на потсвесното личноста минува низ многу трансформации кои потсвеста ја прикажуваат во различна светлина и кои се придружувани со расположенија што непрекинато се менуваат.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во овој момент треба да се спомене дека ваквото изложување на боите (cauda pavonis, паунова опашка) на Посветеникот му ја најавува непосредно претстоечката синтеза на сите одлики и елементи што се соединети во Каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Им се придружувам на малубројните толкувачи кои во Rayuele сакаа да го видат очајничкото и несовршено разобличување на естаблишментот на буквите, кој едновремено е слика и прилика на еден друг естаблишмент што од Адамовите времиња, кибернетски и минуциозно, настојува на човечкото: и што? да му допише Н.* Теодор (Адорно) - така Кортасар ја нарекува својата мачка. ** George Loring Frost - Антологија на фантастичната литература
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Полека гостите им се придружуваа и седнуваа околу нив, некои од нив и на наоколу поставените табуретки со ориентални шари кои фамилијата Јованоски ги имаше донесено од Турција.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На Караман Атанас му се придружуваат уште неколку машки играчи следејќи ја индивидуалната игра негова.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Последен пат му ја стиснува раката и целата пребледнува). Ех, Симке, Симке!... (Се откинува од неа и се придружува кон групата). (Оддалеку се слуша песната на разделбата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На далеку преку море...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Знае дека сум болен... Нема душа... (Кашла). Викни му, Зафире, покроце нека чука.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се разбира, не се бореа ни луѓето, коњите, како Крали Марко и Лутаца Богдан, ами ги удираа двете шишиња и чие шише ќе се скрши, таа група се враќаше и се придружуваше кон победничката, така што оваа стануваше поголема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кон веселата бука се придружува стариот Иранец од карши, чијашто омилена забава е деноноќно бирање броеви на домашниот телефонски апарат и последователно урлање на мајчин фарси- јазик (по долги испитувања заклучивме дека најверојатно продава плексиглас на берзата во Техеран, со посредство на некој тотално глув брокер).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Му се придружувам на твоето патешествие - ми ја испрати насмевката Денко Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кракатау: Ние сме четворица терористи на умот што продираат во вашите ганглии. (се придружува уште еден тип, можеби уредник на станицата, во секој случај не многу луциден)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каљостро: Го знаете Пате од патологија, препараторот на химени?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дебил: Да се одгласат со повик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Им се придружуваат женските - топли и блиски како мајчино шепотење и галење.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Едниот глас се издигнува трепетливо, а другите здишано, гонејќи го, се придружуваат, се долепуваат и дружно се дополнуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)