се (зам.) - придвижува (гл.)

Како да се буеше гласот на некаков повик, неразбирлив за сите нас, кога Мајка одненадеж се придвижуваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не е поголема вистина тоа што, во физиката, големите тела потешко се придвижуваат од помалите и што нивниот momentum7 е пропорционален на таа тешкотија, од вистината дека, во метафизиката, умовите со поголеми можности макар што се посилни, постабилни и повлијателни во своето дејствување од умовите со понизок ранг – сепак потешко се сподвижуваат, збркани и полни со колебање во првите неколку чекори од своето придвижување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колку повеќе и повисоко се придвижувам да го допрам ѕзвезденото небо, како бел галеб во просторот те гледам до границата на видикот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Незабележливо Арсо се придвижува, а по него долгите калливи прсти ја грабаат ископаната земја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога одделението пееше песни за среќата и животот и играта, усните одвај и да ѝ се придвижуваа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнував во аголот од малечката просторија, и гледав како неговиот поглед се движи по страниците од книгите, како неговите усни се придвижуваат дури немо ги изговараат прочитаните зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
(Пауза. Јаков втренчено ги гледа. Пауза) Сакаш да јадеш? (Пауза) Жеден си? (Пауза) Тогаш благодариме на посетата. (Пауза. Јаков не се придвижува.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)