се (зам.) - прибира (гл.)

Подоцна сосема се забрани и беше издаден ферман целата волна да се прибира од султанот за изработка на облека за војската. Така беше дури не се поништи забраната.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Саве се прибира, престанува да свирка, шари брзо со прстите по таблата, како да сака сосем да ја искористи оваа пауза за да го урне противникот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се прибирам и со мака продолжувам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во секоја куќа светеше борина, шеткаа жени низ куќи, ги растовараа мажите добиците со сено, трева, дрва; се прибираа аргати од работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— На кого?... На тој што го имаше и досега, — на султанот, — потфрли и не сакајќи Сарафов, кој веќе беше решен да се прибере во своето гнездо во Софија, каде што го чекаше пријатен пречек на неговите работодатели и награди за успешно свршената работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Другари, четници! — се провикна потем Пере. — Нашиов штаб, како што слушнавте, ќе се прибира во Бугарија, да ги спасува своите глави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа јас останувам овде, во земјава наша, да го поделам злото со народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Туку да бараме некое чаре, да се поприбериме поблизу до границата, да видиме ќе има ли некоја надеж оттаму или да се прибираме внатре, — проговори како со туѓа уста Тренков.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се прибирам. Решавам. Станувам. Извинете. Сѐ ми е едно сега за другите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој имаше моќ на маѓепсник. Штом отвореше уста да раскажува, сите се прибираа поблиску до него; го голтаа секој негов збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Плевната од својата источна страна имаше просторен трем, со стреа, каде што понекогаш, кога врнеше, се прибираше добитокот, каде што понекогаш во врнежливите денови се вршеа некои работи: се прибираше компирот, се сечеа дрва, се сушеше навлажнето сено, се приготвуваше зимница, која потоа во поголем дел се пренесуваше в село.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А Живко, кој пиеше и јадеше барабар со татка си, се прибираше во себе, смислувајќи ја во главата ако веќе не му беше запишана во тетратката, својата нова приказна така испроверена до вистинитост во измислената Пасквелија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Слушаат како вие песот кај соседите Гледаат како се прибираат птиците под стреата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Со ноќи не се прибирав дома и спиев кај Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некогаш калеши, исправени, сега белоглави, потсвиткани, ќелави, згрчени, потпрени на патерица. Се поздравуваме и се прибираме во групи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од близината на таа доба тој речиси поттрчнуваше, сега, додека се прибираше кон карпите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред „Куба“ се прибираа матурантите од Економското училиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Јано! Не се прибира дома! - се уфрли Анѓа, - Како да се венчал со реката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се фаќам под гушата, се тријам, се прибирам, се соземам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа се стишува борбата. Ги прибираме ранетите, се прибираме себеси.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ајде, совземи се и да прошетаме уште малку и да се прибираме, оти ако татко види дека нѐ нема, тешко си го нам.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тие денови Томаица не се прибираше дома. Излегуваше наутро пред 9, а се прибираше навечер околу 20 часот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се прибираше доцна во ноќта. Многу малку спиеше, по 4-5 часа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Така и беше: како што растеше, така сѐ повеќе дома не се прибираше: скиташе по околните места, брда и планини.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Патема собраа со себе што најдоа: луѓе, стока, и за инает ги запалија сите посеви кои веќе чекаа срп и им нанесоа големи штети на селаните. – Море кој ги гледа штетите кога останаа главите – се тешеа селаните и еден по еден се прибираа по селата за да почнат нов живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во прво време мракот ме тераше да се враќам во одајчето, потоа дојдоа ветровите и студот, ама додека не се стемнеше не се прибирав.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се прибираше, раскажуваше како да чита туѓ напис. Војна. Април. Планина... ...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Одбегнувајќи ги локвите, колку што му дозволуваше видот, железничарот Круме се прибираше дома.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кој како честиташе од мажите така се прибираше во дневната околу масата, а жените останаа во спалната некои да стојат а други да седат на креветот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дома, во брлогот за спиење во левиот агол зад вратата се прибираше дури во самата темна ноќ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И самата треба да ги одмори старите коски, па се прибира во својата одаја.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Но - пишува Шатев - попаднати во туѓа средина, без никакви средства за живот, тие видоа дека не така лесно се прави конспирација и се прибираа при своите родители“47.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)