Молк и многу тага го поплати селото; молк во куќата, во дворот, само во умот неуморно кружи, гребе и длаби мислата и не дава да се смири срцето, да се прибере, ден да се пречека со надеж, ноќ да се преспие без болка...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ова беше време да распламти и тивката битка која се водеше меѓу душите на турската баба и албанскиот дедо, да се замине навреме или да се остане засекогаш и да се пречекаат различните војски спротивставени на двете страни од границите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А сигурно нема да имаш ништо против ако начекаш и некоја дива свиња, да ја пречекаме да помине тука, еден од оние самјаци, што не водат сметка колку е висок снегот за да продолжат да се прошетуваат од една млака до друга, што продолжуваат и во зимните ноќи да ги откопуваат корењето од папрадот и од другите билјачки; а може да се пречека и некоја нивна сурија, што поминува и го остава по себе пооран сиот снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)