Секогаш се претпоствуваше дека е неминовно, по експропријацијата на капиталистите, да настапи социјализам: и капиталистите беа безпоговорно експропирани.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се разбира, со текот на времето многу јазици исчезнале.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се претпоставува дека во текот на нејзиното траење се употребувале стотина јазици, потоа многу дијалекти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се претпоставува дека модриот патлиџан потекнува од Индија (на јазикот санскрит е vatin ganah), потоа преминува во Персија (бил познат како bdengn), Турците го презеле од Арапите (познат како l-bdinjn).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Модриот патлиџан ќе стане гастрономски симбол на Османското Царство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се претпоставува дека човек сака да живее за да „извлече задоволство од тоа што другите го почитуваат и сакаат”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Се правеа потери: се опколуваа и пребаруваа сите места во селото и околу него, се правеа проверки и во другите села, упаѓаа џандарите ненадејно во куќите, плевните, кошарите, бачилата, пештерите, се пребаруваше секое делче каде што се претпоставуваше дека Анко се крие, но безуспешно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се претпоставуваше дека избегал во Албанија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Турците не можеа да го разберат барањето на Бургиба кој дојде во 1968 година во приватна посета за да ги однесе самиот посмртните останки на Ханибал, верувајќи во својот неприкосновен меѓународен авторитет.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Најпосле домаќините го одведоа Бургиба во еден речиси пустински предел, каде што на една вишинка се препоставуваше дека се наоѓа гробот на Ханибал.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И таму, на млади години, го мачеше тајната дали под двете езера разделени со една планина, се мешаат нивните води и се формираат многубројни пештери, како што се велеше во преданијата и се претпоставуваше во научните списи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тоа издржуваше сѐ што се замислуваше, сѐ што се претпоставуваше во егзилската душа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Небото, всушност, само се претпоставува
со затворени очи.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се претпоставуваше дека огледалото потекнувало од некој дамнешен паша од отоманското време, кој можел да биде и далечен предок на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)