Отсега, ќе живеат тајно, во шумите: таа, Мајката и тоа, под светлината на денот – жилаво итар немирко што се провлекува низ најскриените патеки или мрзеливо, оптегнат на карпата, ги впива сонцевите зраци; откако бувот ќе зачуди - - змивче, што нечујно се претопува во темнините, во потрага по птичји гнезда.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сцената се претопува од тоталот на ливингрумот на крупен кадар на моето лице, облеано со по некоја носталгична солза.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Пропаѓајќи, тој ја извива раката (не веќе рака оформена, туку нешто налик на ембрионален екстремитет), очајнички замав на давеник, исчезнува, се претопува во зејтинестата смеса.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ги фрливте опинците и скокнавте во чевли. Ве знам по одот. Ве глоцка суровата кожа, но трпите. Само да се претопите, би газеле и на клинци.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Француските елитни кози во славна мисија да ја спасат Македонија, како некогаш нивните балкански посестрими се претопија во стадото на еден од поуспешните козари, сточарски бизнисмен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)