Но дали од што се удри при паѓањето, или се престраши да не почне сега и да го тепа, тики се развика божем тој го турнал и за час дворот се наполни со луѓе, а меѓу нив и двајца заптии, па нему не му остана ништо друго туку да избега.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мацко се престраши... Како тоа - да фаќа и да јаде нешто што е живо? Тоа никако!
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Почекав, нема ништо и се престрашив да ги отворам очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се престрашив и викам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се разлеваат кристалните гласови од жените, небаре камбани на студен Велигден, а јас се мислам како да се престрашам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се престрашив и почнав да викам: — Има ли Југословени, има ли Југословени?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пушти рака и ме фати, се престраши човекот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И така двете сестри да му брзнат вода со устите меѓу ципињата и детето ќе се престраши.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сакам да го прашам нешто, ама не можам да се престрашам. Се ребрам само.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па ќе се престрашам, ќе одам да го барам, натемаме натема.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)