Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
9. А затемнувањето не беше вечно и вечно не истраја ништо освен утрото и ноќта и Месечината што гинеше сама и сама од себе што се пресоздаваше.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)